Детска Количка – cynebaby Premium

Високо квалитетна – ПРЕМИУМ комбинирана детска количка, ултра модерна и практична, изработена од најквалитетни компоненти и материјали.

Во моментов производот го нема на залиха.

Шифра: ЛО-8211 Категории: , Ознаки: , ,

Опис

Високо квалитетна комбинирана детска количка – cynebaby Premium.

Ултра функционална и практична, изработена од најквалитетни компоненти и материјали, количката е исклучително лесна за секојдневно користење.

Со едноставна операција – Количката многу лесно може да се постави од позиција за седење во позиција за лежење и обратно. А седиштето/корпата може да биде свртено кон мајката, а може да биде свртено и кон патот.

Количката доаѓа и со покривка на патент, ова е посебно практично при жешките летни денови. А во сетот е вклучена и заштитна мрежа за инсекти, со што ќе го заштите малото од несакани инциденти

Количката доаѓа и со премиум сенка која може да на наместите по желба. Со ова се овозможува заштита на детето во сите временски услови.

 

Висината на предната преграда може да се регулира, а истата по потреба може и да се извади.А има и повеќе нивоа на подесување на положбата и висината на задната рачка.

Практичниот џеб за аксесоари од задната страна и држачите за шише ја прават количката уште пофункционална.

 

Композитниот алуминиумски рам, ја прави количката супер издржлива и супер стабилна.

Изборот на најквалитетни компоненти при изработката на оваа премиум количка гарантира долгогодишно користење

Тркалата се изработени од полна гума отпорни на убоди, и високо квалитетни лагери, со што се овозможува исклучителна лесна контрола и туркање со многу малку напор. А има и опција предните тркала да се фиксираат за долги прошетки, или да се овозможи движење во 360 степени што е погодно за маневрирање во гужва.

Со ова се овозможува удобност во возењето без разлика на конфигурацијата на теренот.

Кога правите пауза од возењете, сопирачките на задните тркала се активираат со едно притискање со ногата.. Благодарение на оваа функција слободно може да ја пракирате количката, без страв дека ќе се измести

Количката има и специјална опција за отстранување на страничниот материјал со што ќе со овозможи подобра циркулација на воздухот додека бебето лежи или спие

 

 

Ултра компактна и склопена ја собира во сите автомобили, и ултра лесна за секојдневно користење. Дизајнирана да се собира на половината, и истата може да се собере со едноставна операција на рачката.

 

Карактеристики и погодности:

  • Погодна зе деца од 0+ месеци па нагоре
  • Исклучително лесна за возење и користење
  • Изработена од најквалитетни материјали
  • Композитен Алуминиумски рам
  • Големи задни тркала од полна гума со квалитетни лагери
  • Со притискање корпата/седиштето се поставува од седечка во лежечка позиција и обратно
  • Корпата/Седиштето може да биде свртено кон родителот или кон патот
  • Регулација на наслонот за нозете, плус заштитна прекривка.
  • Сигурносен ремен со пет точки за безбедност.
  • Заштитна ограда со подесување на висината, која по потреба се отстранува
  • Голема сенка со повеќе нивоа на регулација
  • Голем кош за багаж
  • Заден џеб за аксесоари и држачи за шишиња
  • Предни единечни ротирачки тркала со опција за фиксирање.
  • Кочница на задните тркала, со едно притискање се запираат двете тркала.
  • Исклучително лесна за склопување и расклопување, кога е склопена, компактна е и не зазема простор
  • Во комплетот е вклучена прекривка за нозете и заштитна мрежа од инсекти..
  • Додатен ремен за носење на рамо кога е склопена
  • Достапна во 3 бои (плава, сива, крем)

 

 

Спецификации:

Димензии: 78 x 50 x 107 cm
Склопена: 101 x 60 x 45 cm
Бруто тежина: 12.3 кг
Нето тежина: 11.4 кг
Димензии на пакувањето: 52 x 26 x 87 cm
Внатрешна ширина на седиште/легло: 37 cm
Должина на седиште/легло:79 cm
Висина на подесивата рачка: од 96 до 111 cm
Дијаметар на предните тркала: 21 cm
Дијаметар на задните тркала: 31 cm

 

 

Додатни информации

Боја

Плава (Linen Blue), Крем (Linen Khaki), Сива (Linen Grey)

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This