Гел – YsthéAL Contour yeux et lèvres

1370 ден

Истеал гел против стареење за кожа околу очите. За кожа околу очите. Против брчки, тонифицира.

Опис

Истеал гел против стареење за кожа околу очите. Против брчки, тонифицира.

Индикации: Превенција и корекција на појавата на видливи знаци на стреење на кожата околу очите.

Својства: Стареењето на кожата настанува од два фактора:

– Забавување на метаболизмот на кожните клетки.

– Оштетување на ткивото што ја поддржува кожата од слободни радикали (оксидирачки агенси). Последна генерација на третмани против стареење, содржи комбинација на две ексклузивни, патентирани активни состојки.

– Ретиналдехид С.Т., најефикасната форма на витаминот А, има двоен ефект против стареењето. Преку физиолошки реакции се трансфор­мира во активен витамин А, во зависност од потребите на кожата и делува длабоко во неа, зголемувајќи го клеточниот метаболизам, но и на површината овозможувајќи блескав тен.

– Пре-токоферил кој, физиолошки се трансформира во токоферoл, што претставува еден моќен антиоксидант. Овој навлегува низ потпорните ткива на кожата и помага во нивното обновување, а овозможува и заштита од слободните радикали. Овој крем делува така што ги израмнува ситните линии, со што се намалува изгледот на збрчкана кожа, ја намалува млитавоста на очните капаци. Специфично создаден за нежната кожа околу очите, лесно се апсорбира, создавајќи чувство на мекост и еластичност.

Упатство за употреба: Може да се користи секој ден, наутро и навечер. Се нанесува полнувајќи од внатрешните агли на очните капаци и нежно се тапка. Кај многу чувствителна кожа, во почетокот на третманите најдобро е да се нанесува секој втор ден.

Pin It on Pinterest

Share This

×