Коцка – Подлога за Под (60×60см) Премиум

180 ден

Големи премиум меки плочки за под со дезен имитација на дрво.

Нема на залиха

Опис

Исклучително практични меки, коцки-подлога за под со кои може да ја обложите било која површина. Идеални за игротека или детска соба. Ова е премиум модел бидејќи површината е имитација на дрвен под.

Освен како подлога за под може да служат и како креативна играчка, (правење фигури, коцки, инт….)

Изработено од т.н. експандирана пена (ЕВА етилен-винил-ацетат), подлогите имаат одлични изолациони карактеристики, отпорни се на УВ зраци, исклучително флексибилни и трајни, водоотпорни и нетоксични.

Дебелината од 1см ги прави одлични за безбедна игра, идеални за неуморно играње.

Исклучително лесни за одржување дури и ако ви се истури нешто само пребришувате со влажна крпа.

Можноста за избор на бои по желба ќе ви овозможи да си играте со комбинациите на бои во зависност од вашиот простор и ентериер.

Производ кој ќе го користите повторно и повторно.

Цената е за една подлога (коцка) со димензии 60 x 60 x 1см

Подлогите се достапни во повеќе бои, при телефонската потврда на нарачката ќе се договориме какви да ви пратиме во зависност од достапноста.

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This