Шампон – Shampooing Capucine

450 ден

Шампон од екстракт од поточарка против сув првут.

Опис

Шампон од екстракт од поточарка против сув првут.

Сите KLORANE растенија се одбрани по признатите дејства и безбедност за употреба. Заради гарантирање на квалитетот тие се одгледуваат под многу стриктни норми, т.н. „ KLORANE процедура за истражување на растенијата“. Екстрактите од растенијата, согласно со научниот пристап на фармацевтската индустрија, имаат специјално создадени и дозирани активни супстанции, со што се обезбедува константна ефикасност.

Растението потекнува од Перу и Мексико, меѓутоа брзо се приспособува и на постудени региони, како годишно растение. Листовите и цветовите се обработуваат брзо по собирањето. Водниот екстракт кој содржи активни состојки како гликотропаолозиди се добива со декокција и претставува моќен чистач на скалпот.

Чистачките особини на KLORANE екстрактите се зајакнати со употреба на специјален комплекс против сув првут. Овој шампон брзо го елиминира сувиот првут, благодарение на нежната, омекнувачка и волуминизирачка емулзиона база. Хипоалерген производ*.

Упатство за употреба: Се шампонира еднаш, потоа темелно се плакне. Во случај на контакт со очите се плакне внимателно. Се употребува два пати дневно доколку имате првут, а потоа еднаш неделно заради одржување на здрава коса.

Pin It on Pinterest

Share This

X