Пудра – Avene Fonds de teint correcteurs fluide

1100 ден

Avene Течна Пудра

Опис

Течна подлога за корекција нијанса Порцелан/Природна/Песок

Индикации: Течниот коректор овозможува прикривање на средно изразени несовршености на тенот. Може да се користи по нанесувањето на Компактните подлоги, кога големите недостатоци веќе станале помалку видливи. Специјално создаден за осетлива кожа.

Својства: Течност со средна прикривна моќ, оваа подлога:

– Обезбедува еден совршен, мат и изедначен финиш.

– Овозможува извонредно нежна и комфорна сензација на кожата.

– Отпорен на вода и пот, за уште поголема долготрајност на шминката.

– Отпорен на бришење, благодарение на безмаслената текстура, која се држи особено цврсто.

– Се бори против дејството на слободните радикали, одговорни за фото-индуцираното стареење на кожата, благодарение на моќниот антиоксидант: Pretocopheryl.

– Заштитува од UV зраци (SPF 15).

Упатство за употреба:

Нанесете навлажнувачки крем, кој одговара на вашиот тип на кожа, како основа (подлога) за шминка. Ставете од течната подлога на врвот на прстите, во количина која одговара на големина на лешник. Потоа, нежно тапкајќи, нанесете го производот по целото лице. Завршете со измамзнување на подлогата, почнувајќи од средината на лицето кон надвор, не заборавајќи го и вратот.

Pin It on Pinterest

Share This