Трицикл – Комбиниран 4 во 1 (Повеќе Бои)

Модерен комбиниран трицикл со рачка и сенка идеален за долги прошетки.

Во моментов производот го нема на залиха.

Шифра: ЛО-7200 Категорија: Ознаки: , ,

Опис

Модерен комбиниран трицикл (4 во 1), со максимална безбедност и лесно управување.

Идеален за долги прошетки со вашите дечиња.

Има сенка, корпа и рачка од позади со која може потполно да се контролира трициклот од родителот, истата по потреба може да се извадат, и возилото се трансформира во класичен трицикл.

Висината на рачката и сенката може да се регулира.
Достапен во црвена, сина, виолетова, и зелена боја.

 

Идеален за долги прошетки, а во зависност од возраста може да се управува од родителот со помош на рачка а кога ќе потпорасне детето, се трансформира во класичен трицикл и детето може само да го вози.

 

Карактеристики и погодности!

  • Благодарение на сенката, која по потреба може да се извади или собере овозможува да се користи во сите временски прилики.
  • Ергономската рачка, обложена со прекрасен нелизгав мек материјал, овозможува потполна контрола на трициклот од страна на родителот, позицијата може да се намести по желба, а кога ќе порасне детето може и потполно да се отстрани.
  • За зголемена безбедност обрачот на трициклот е обложен со мек материјал, со што се овозможува 100% безбедно возење, без да се повреди детето.
  • Тркалата се обложени со гума, со што се овозмужува удобно возење и трајност без разлика на конфигурацијата на теренот.
  • Трициклот доаѓа и со многу практична корпа за багаж и сместување на есенцијалните реквизити, или едноставно може да си ги ставите ќесите од пазарот.

И најважно од се, трициклот се прилагодува и се користи различно пропорционално со возраста на детето:

  • Така да на почетокот детото седи а со трициклот управува родителот.
  • Откога ќе потпорасне детето (18+ месечна возраст), полека може да се учи да управува (асистирано и со контрола на родителот).
  • Кога ќе порасне детето уште малку (36+ месечна возраст) слободно може да се извади рачката за контрола и детето само да го вози и управува трициклот.

 

 

Забелешка: За лесен и безбеден транспорт, трициклот го испраќаме во оригинално фабричко пакување и треба да се склопи согласно приложеното упатство.

Додатни информации

Боја

Црвена, Сина, Виолетова, Зелена

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This