lavanda

Вагинална промивка базирана на лизати на лактобацили со смирувачко и заштитно дејство.

870 ден

Floragyn Lavanda Vaginale

За обновувањето на физиолошката состојба на вагиналната микробиолошка флора

Нема на залиха

Опис на Производот

Вагинална промивка базирана на лизати на лактобацили со смирувачко и заштитно дејство за обновувањето на физиолошката состојба на вагиналната микробиолошка флора.

Индикации, се употребува при:

– Секаков тип на иритации, поради неговото смирувачко дејство;

– Земање на терапија со лекови или после менструален циклус, поради способноста да придонесе во обновувањето на нормалната вагинална бактериска флора;

– Случаи на зачестена интимна хигиена и/или хигиена после сексуален однос, бидејќи ефикасно ги отстранува несаканите секрети и притоа дава чувство на чистота и свежина;

Floragyn® lavanda vaginale не ја заменува медицинската терапија, туку претставува корисен комплементарен производ.

Контраиндикации: Досега не постојат докази за било какви контраиндикации при користење на Floragyn® lavanda vaginale, со исклучок на ретки случаи на хиперсензитивност на некои од составните компоненти. Со тестовите за биокомпатибилност, утврдено е дека препаратот не е иритирачки и не предизвикува алергии.

Мерки за претпазливост: Употребата на кои било препарати за топично нанесување, посебно ако е на подолг период, може да предизвика зголемена чувствителност; во ваков случај запрете го третманот и обратете се до вашиот лекар или фармацевт.

– Floragyn® lavanda vaginale не треба да се користи при внатрешни повреди.

– Floragyn® lavanda vaginale содржи метилпарабен и пропилпарабен кои можат да предизвикаат алергиски реакции.

Посебна претпазливост за време на бременост: Не постои никакви информации за контраиндикации при употребата на препаратот за време на бременост и доење, но сепак се препорачува совет од лекар

Одржување, транспорт, чување и употеба на препаратот: Не постојат посебни мерки на претпазливост за одржување, транспорт и чување на препаратот. Препорачливо е да се чува во кутијата со упатството за употреба за континуирано информирање. Да не се користи во случај на изминат рок и во случај доколку пакувањето делува повредено.

Начин на употреба: Види слика

Начин на издавање: Се издава без лекарски рецепт

Пакување: Една кутија содржи 5х140ml шишенца за еднократна употреба (со канила) и едно упатство за употреба

Pin It on Pinterest