
Најдобрата Програма за Лојалност во Македонија
Добредојдовте во NAMA Club, ексклузивната програма за лојалност која ги наградува нашите најверни клиенти. Со шест нивоа на членство, имате можност да заработувате поени, да добивате додатни трајни попусти и да користите поени за плаќање на вашите омилени производи.
Заработувајте поени, користете ги за плаќање и добивајте ексклузивни трајни додатни попусти!
💡 Еден поен = 1 денар
🌟 Нивоа на Членство
1. Starter: Потребни 0 поени за членство. Заработка по 10 поени за секои потрошени 100 МКД од нарачките. Искористување на поени за купување: до 20% по нарачка.
2. Bronze: Потребни 500 поени за членство. Добивате траен 10% додатен попуст на цел асортиман. Заработка по 11 поени за секои потрошени 100 МКД од нарачките. Искористување на поени за купување: до 30% по нарачка.
3. Silver: Потребни 2000 поени за членство. Добивате траен 15% додатен попуст на цел асортиман. Заработка по 11.5 поени за секои потрошени 100 МКД од нарачките. Искористување на поени за купување: до 40% по нарачка.
4. Gold: Потребни 5000 поени за членство. Добивате траен 20% додатен попуст на цел асортиман. Заработка по 12 поени за секои потрошени 100 МКД од нарачките. Искористување на поени за купување: до 50% по нарачка.
5. Platinum: Потребни 10000 поени за членство. Добивате траен 25% додатен попуст на цел асортиман. Заработка по 12.5 поени за секои потрошени 100 МКД од нарачките. Искористување на поени за купување: до 60% по нарачка.
6. Elite: Потребни 20000 поени за членство. Добивате траен 30% додатен попуст на цел асортиман. Заработка по 13 поени за секои потрошени 100 МКД од нарачките. Искористување на поени за купување: до 70% по нарачка.
За качување ниво погоре се пресметуваат вкупно акумулираните поени, а во секое време може да ги користите расположливите поени како денари за правење нарачки.
Во клубот се зачленуваат сите клиенти кои имаат профил во НАМА. Профил се прави автоматски со првата нарачка (освен ако го отчекирате копчето Направи Профил). За сите логирани клиенти во НАМА, во зависност од нивото на членството се прикажуваат цени со автоматски пресметан додатен попуст. Доколку некој сака да ја види редовната цена на некој производ треба да се одлогира или да користи инкогнито пребарувач.
Попустите и поените важат за сите производи без исклучок, важат и за производи што се на Акции, а важи и за производи што се на Тотална Распродажба, Бесплатната испорака и поклон по желба за нарачки над 1200 ден важи, значи се е како што треба со таа разлика што само членовите на клубот добиваат додатни трајни попусти и поени за купување.
Начини за Заработување Клуб Поени
Нарачки
Добиј 100 поени за првата нарачка. 50 поени за секоја нова нарачка. Плус поени од износот на секоја нарачка.
Препорачај
Добиј 150 поени од препорака на пријател кој ќе направи нарачка и плус 5% од вредноста на неговите следни нарачки во поени.
Коментирај
Добиј 30 поени за првиот коментар на производ, и по 10 поени за сите следни коментари на производи.
Сподели
Добиј 25 поени за секое споделување на НАМА по социјалните мрежи. Едно споделување по мрежа.
Логирање
Добиј 10 поени за секое логирање на твојот профил во НАМА. Може еднаш дневно.
Роденден
Добиј 100 поени на датумот на најубавиот ден во годината – твојот роденден.
ℹ️ Дополнителни Информации!
Како да ги видам моите поени?
Зошто кога сум логиран/а цените се многу пониски?
Ова е една од најглавните поволности на клубот. Тоа значи дека вие сте член со статус Бронза или Погоре. Во зависност од вашето ниво во клубот, сите цени на производите ќе ви бидат прикажани со автоматски пресметаниот дополнителен попуст од 10% до 30% (во зависност од нивото во клубот).
НАМА не случајно има реноме на интернет продавница со најголема доверба кај клиентите. Децениско искуство и Стотици илјади задоволни клиенти сведочат за тоа.
Со членството во клубот најниските цени на пазарот за квалитетни производи сега се дури смешно ниски!,
Дали Старите Клиенти - Пред Клубот ќе добијат поени?
НАМА веќе повеќе од една деценија е водечка интернет продавница во Македонија, и успешно се справуваме со сите предизвици на пазарот во државата, благодарение на веќе постоечките клиенти!
Во наредниот период сите постоечки корисници ќе добијат поени сразмерно со вкупниот износ од сите направени нарачки досега. За жал тоа мора да го правиме етапно, бидејќи моменталната инфраструктура на сајтот, не дозволува тоа да се направи одеднаш.
Сите постоечки клиенти со нарачки од изминатите 6 години веќе имаат доделено поени сразмерно со вредноста на нарачките.
Пет илјади најлојални корисници ќе бидат и лично известени од страна на нашите оператори. Останатите ќе бидат известени преку социјалните мрежи и вибер.
НАМА Клубот официјално започна на 25-10-2025
Има ли поени за стари клиенти кои нарачувале преку тел или порака?
Поентите се врзуваат со профилот на клиентот за што е потребма е-маил адреса за логирање.
Но, не очајувајте. Нам подеднакво ни се драги сите клиенти, вклучително и оние кои нарачувале преку телефон или порака. А, нашите оператори стојат на располагање секој работен ден на сите такви клиенти да им креираат профил соодветствено со вкупниот износ на направени нарачки во НАМА.
Доколку сте ваков тип на клиент ви препорачуваме да си направите е-маил адреса и слободно контактирајте не преку Фејсбук месинџер, Е-маил, Viber Порака или на телефон 071 308 777 и нашите оператори ќе ви направат профил и пресметка колку поени ќе добиете и кое ниво во клубот ќе го имате.
Колку време траат поените?
Во моментов поените немаат рок на истек. Целта е барем 80% постоечките клиенти да се информираат доделено поени.
Но, ви препорачуваме да ги искористие или обновите колку што може побрзо, бидејќи следната година во план е имплементација на рок на важност на поените од датумот на послетната нарачка.
Важни Забелешки!
- Поените не може да се префрлуваат од еден на друг корисник.
- За откажана или вратена-неподигната нарачка има пенал од 190 поени + поените од нарачката.
- Максимален износ на поени кои може да се заработат од износот по нарачка е 450 (или 450 + до 30% во зависност од нивото во клубот).
- Максимална вредност која може да се плати со поени е 85% по нарачка.
- Доколку не сакате да бидете член во клубот, потребно е да не контактирате и ќе ве отстраниме.
🚀 Зошто да се придружите во Клубот?
-
Секоја нарачка ве приближува кон повисоко ниво и повеќе попусти и поени
-
Искористете поени за делумно плаќање на вашите нарачки
-
Споделувајте и препорачајте пријатели за дополнителни поени
Не чекајте и искористете ги поволностите во клубот – започнете со правење нарачки, влезете во некоја од категориите подоле или искористете ја опцијата за пребарување, купете, заштедете и заработете поени за следното ниво!
Категории Производи
Уште сте овде?
Не чекајте и започнете со правење нарачки и заработување поени.
Уверете се сами, голем избор на производи (за секого по нешто), неверојатно ниски цени…
А згора на се, за сите нарачки над 1200 Денари, ќе добиете поклон по желба и бесплатна испорака до вашиот дом ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!


