Правила и Услови за Користење

Ве молиме внимателно прочитајте ги правилата за користење и купување во нама.мк

Ажурирано 29-март-2021

ВОВЕД

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие правила и услови за користење на сајтот и купување наши производи. Бидејќи со самото користење на сајтот или правење нарачка преку сајтот или преку друг начин на комуникација автоматски се сложувате со овие правила. Исто така ве молиме да одвоите време и да ги прочитате нашата политика на приватност и политика за колачиња.

Доколку не се согласувате со овие правила или нашата политика за приватност и колачиња ве молиме да го напуштите сајтот.

ЦЕНИ

Сите цени во оваа Интернет Продавница се во Денари и се конечни на денот на нарачката и се со вклучен ДДВ.

Воедно Центури ДОО го задржува правото да врши промена на цените без претходна најава.

Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена, на домашна адреса или во локалната пошта. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот. Освен ако не е поинаку назначено. Производот и трошоците за испорака се плаќаат кога ќе го добиете производот на денот на нарачката, освен во случај ако нарачката ја имате платено со кредитна картичка или со банкарски трансфер.

Со секоја нарачка ќе добиете фактура во која детално се опишани сите производи со цени како и даночната основица без ДДВ и вкупниот износ со вклучен ДДВ.

Фактурите од нарачките може во секое време и дополнително да ги превземете и преку вашиот профил во PDF формат.

ПРАВЕЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА НАРАЧКИТЕ

Правењето нарачки во НАМА е исклучително лесно, додавате производи во кошничката, и за крај притискате на копчето за нарачка каде ги пополнувате полињата бирате начин на плаќање и испорака и за крај кликате на копчето нарачај. А доколку не може да се снајдете ве повикуваме да го прочитате нашето детално Упатство за Купување со Илустрации.

Во моментов подржуваме три начини за плаќање на нарачките:
– Плаќање при Достава со Откуп
– Плаќање со Картичка
– Плаќање преку Банка на Сметка (Вирмански)

Може да ја посетите и нашата страница за Начини на Плаќање каде што детално се опишани секој од начините за плаќање.

По извршувањето на нарачката, ќе добиете и e-mail порака како потврда дека нарачката е примена, истата ќе ги содржи деталите од нарачката. Можно е да ве побараме по телефон да ја потврдите истата. Исто така доколку нарачувате прв пат, автоматски ќе ви биде генериран и профил, кој ќе може да го користите за сите идни нарачки.

ПРОФИЛ

Профил во НАМА добива секој корисник кој ќе направи нарачка.

Со правењето на првата нарачка на nama.mk автоматски ви се генерира кориснички профил, кој може да го користите за сите идни нарачки. Вие сами ги оставате личните податоци во профилот и може во секој момент да ги измените.

Во профилот може да да:
-Вршите промена на вашите лични податоци
-Вршите промена на лозинката
-Видете историјат на нарачки
-Да преземете фактура во PDF формат за секоја нарачка посебно

Истовремено кога сте логирани ви се отвара опција да оставате коментари на производите кои ги имате купено.

Со цел да избегнеме непотребно собирање на лични податоци, ја исклучивме опцијата за регистрација на профил без да се направи нарачка, и единствена опција за да имате профил на нама.мк е преку нарачка.

Податоците ќе ги чуваме се додека сме легално обврзани или имаме ваша согласност или имате профил на нама.мк. Вие можете во кое било време да побарате пристап до вашите Лични Информации или да ги избришете. Истовремено ве повикуваме и задолжително да ја прочитате нашата политика на приватност.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСПОРАКА

Производите нарачани во оваа Интернет Продавница ќе ви бидат испорачани преку пошта или преку курирска/доставна служба.

Пресек на нарачките правиме секој работен ден во 10 часот наутро и истите ги испорачуваме истиот ден, а обично во градските средини се доставуваат наредниот ден.
Ќе ви се јават од доставната служба на телефон да се договорите околу превземањето на пратката.

Што значи дека, нарачаните производи ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена од денот на нарачувањето во зависност од вашата локација. Ако производот е во моментот на залиха, ќе го добиете во период од 2-3 дена, по нарачувањето. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.

По правило (default) производите ги праќаме во оригинално неотворено фабричко пакување, освен ако не е претходно поинаку договорено со клиентот.

Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса или во локалната пошта во готовина, со кредитна картичка или со банкарски трансфер (вирмански). 

Со секоја пратка ќе добиете фактура, со детална спецификација и цени на производите во нарачката.

Можно е пред испорака нарачките да се потврдуваат телефонски, императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во вашиот регион) за да се договорите околу превземањето на истата.

ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

Производот можете неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување да го замените рок од 15 дена од денот на преземањето. А претходно да не контактирате на тел 071 308 777 да се договориме за што конкретно сакате да направите замена.

Императивно е производот што го праќате да биде убаво заштитен, доколку оригиналното пакување или производот е оштетен на било кој начин, нема да можеме да ви го замениме.

Откога производите што сакате да ги замените ќе стигнат во нашето седиште. Веднаш ќе ви биде пратена соодветна замена согласно договор. Не може да правиме замени без прво да се вратат производите.

Поштарината за замените е на сметка на клиентот.

ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Производот кој не ви одговара можете неоштетеннеупотребуван во неоштетено оригинално пакување, со приложените документи (фаткура/број на нарачка) и број на трансакциска сметка да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето.

Парите ги враќаме исклучиво на трансакциска сметка.

Доколку со производот сте платиле и поштарина, ве информираме дека поштарината не подлежи под поврат на средства и не може да се вратат парите за истата. Поштарината е искористена и платена услуга за која пари не се враќаат.

Императивно е производот што го праќате да биде убаво заштитен, доколку оригиналното пакување или производот е оштетен на било кој начин, нема да можеме да ви го прифатиме.

Откога производите што сакате да ги вратите ќе стигнат во нашето седиште. Парите ќе ви бидат префрлине на Вашата трансакциска сметка во најкус можен рок.

Поштарината за враќањето на производите е на сметка на клиентот.

ЈУРИСДИКЦИЈА

Секогаш сме расположени и полни со позитивна енергеија сите евентуални проблеми да ги решиме на пријателски и културен начин. Доколку поради некоја причина тоа не е можно тогаш за сите спорови и несогласувања надележен е Основен Суд Струмица.

Ве молиме задолжително прочитајте ги и нашите:

Политика за Колачиња дел од  Политиката на Приватност

Pin It on Pinterest

Share This