Упатство за купување
Детално упатство со илустрации за купување на NAMA.mkДетално упатство за купување и користење на нашата интернет продавница!
Мал процент од купувачите (посебно оние во позрела возраст) ни се пожалија дека не може да се снајдат со сајтот и да направат нарачка.
Во тој контекст го приготвивме оваа упатство со слики:
Со маусот кликнете на производот, са да ги видите сите детали за истиот. По кликањето автоматски ќе се префрлите на страницата со детален опис на производот.
За да го додадете производот во кошничката, кликнете на копчето Додај.
По поставувањето на производот во кошкичката ќе ви се појави нотификација, дека производот е успешно додаден во кошничката.
По успешното додавање имате повеќе опции:
-Можете да додадете додатни производи во кошничката
-Можете да преминете директно на нарачка, кликајќи ги копчињата на кои пишува НАРАЧКА како би ја комплетирале нарачката веднаш.
-Можете да влезете во вашата кошничка и да ја видите содржината на истата.
Во Конкретниот Случај, ќе одиме со опцијата за влез во кошничката кликнете на копчето Види Кошничка.
Во страницата на кошничката имате повеќе опции:
-Можете да ја видите вкупната сума на вашата нарачка вклучувајќи ја и испораката.
-Можете да вршите промена на количината на додадените производи.
-Можете да отстраните производи од кошничката
-Можете да продолжите со купување и да додавате нови производи.
-Можете да продолжите кон нарачката.
Во конкретниот случај ќе продолжиме кон нарачката кликајќи на копчето Продолжи кон Нарачка.
2. Правење на нарачката
Правењето нарачка е навистина едноставно.
На оваа страница мора да ги пополните полињата со вашите податоци, доколку претходно имате купувано кај нас и не сте логирани имате опција да кликнете и да се логирате.
Доколку прв пат купувате кај нас тогаш пополнете ги полињата со вашите податоци, и вашиот профил ќе биде автоматски генериран со првата нарачка (ќе добиете е-маил порака со деталите).
Откога ќе ги пополните полињата со вашите податоци ви се појавуваат неколку опции за испорака и плаќање како што се гледа на сликата доле.
Сега имате повеќе опции за испорака и плаќање и тоа:
-Испорака до дома со откупнина
-Плаќање со Кредитна Картичка
-Плаќање со Банкарски Трансфер
Откога ќе го изберете начинот на плаќање, работата е речиси завршена.
За крај кликнете на копчето Нарачај.
Доколку избравте Испорака до дома со откупнина, ќе добиете нотификација дека нарачката е примена.
Доколку избравте Плаќање со Картичка, во продолжение имате и упатство за плаќање со картичка.
Доколку избравте Плаќање со банкарски трансфер, ќе добиете нотификација со нашите банкарски детали и број на нарачка за да ја уплатите истата.
По приемот на вашата прва нарачка во НАМА автоматски ќе ви биде генериран профил, кој ќе може да го користите за сите следни нарачки без да ги пополнувате полињата повторно.
На е-маил ќе добиете автоматски генерирано корисничко име и лозинка.
Во полето Име на картичка: Внесете го името што е напишано на картичката
Во полето Број на картичка: Внесете го бројот на вашата картичка.
Во полињата Датум на Истек: Внесете месец и година до кога ви важи картичката (оваа информација ја има на предната страна на картичката каде што пишува VALID THRU)
Во полето CVV2/CVC2: Внесете го вашиот ЦВЦ код (последните три бројки од задниот дел на картичката – види слика доле)
Откога правилно ќе ги пополните сите полиња.
Кликнете на копчето: Плати ја Нарачката
Откога стиснавте на копчето Плати ја нарачката привремено ќе се префрлите на серверот на банката и автоматски ќе ве врати назад со авторизација на плаќањето.
Толку!
Доколку трансакцијата е успешна ќе добиете порака дека нарачката е примена,
Ви благодариме за нарачката!
Забелешка: Одредени банки имаат додатна аутентификација со СМС код, доколку е тоа случај со вашата картичка ќе ви се појави прозорец за да го внесете кодот кој ќе ви стигне преку смс!
Во случај плаќањето да е неуспешно! Доколку е неуспешна трансакцијата ќе добиете нотификација на екранот дека Плаќањето е неуспешно или одбиено, во тој случај обидете се повторно (доколку сте згрешлиле некоја бројка) или обидете се со друга картичка доколку немате доволно средства на располагање или имате лимит за дневни или интернет плаќања.
Важна Забелешка: Во ниту еден момент, ние не ги гледаме, ниту собираме податоците на вашата картичка од сесијата со банката, само добиваме известување од банката дали трансакцијата е успешна или не.
4. Внес на Купон
Купоните се специјални шифри со кои може да добиете разни бенефиции, има купони кои важат само за одредени производи, а има и купони кои важат за целата кошничка, исто така има и купони за бесплатна испорака.
Купони издаваме најчесто на муштерии што купуваат на големо, (ресторани, хотели, продавници и други правни лица), повремено купони издаваме и на лојални муштерии што имаат направено 3 или повеќе нарачки, а имаме и јавни купони (акции, промоции, итн..) кои во соработка со нашите партнери ги објавуваме на социјалните мрежи.
Купонот може да го внесете во страницата за нарачки (слика горе), а може да го внесете и во страницата на кошничката (слика доле)
Во полето каде што пишува ШИФРА, ја внесувате шифрата на купонот.
На пример имате купон со шифра nama1, откога ќе ја внесете шифрата притискате на копчето Внеси Купон
И како што може да видите од нашата кошничка за пример, нарачката по редовни цени беше 4638 денари, со купонот истата е намалена за 464 денари и сега вкупниот износ изнесува 4174 денари.
Што значи дека купонот nama1 ви одобрил 10% попуст.
Доколку имате купон, а и покрај оваа упатство сеуште не може да се снајдете, контактирајте не и ние ќе ја направиме нарачката за вас.