Најчесто Поставувани Прашања

Прецизни одговори на вашите најчесто поставувани прашања

Најчесто Поставувани Прашања

Сакам да нарачам, а не знам како?
Постапката за нарачки е следна:
Ги ставате производите за кој што сте заинтересирани во кошничка.
Кога ќе завршите со додавање производи кликате на нарачка.
Во нарачката ги пополнувате вашите податоци (или само се логирате доколку сте повратен муштерија)
Избирате начин на достава и плаќање
и за крај кликате НАРАЧАЈ.
 
Доколку не може да се снајдете, јавете се на 071 308 777  или пишете ни фејсбук порака или пратете ни маил на info@nama.mk и ние ќе ја направиме нарачката за вас.
За да ја внесеме нарачката во системот на ваше име ни треба следното:
Име и Презиме
Адреса
Телефонски Број
е-маил
 
И конкретно за кои производи сте заинтересирани.

 

Алтернативно може да  кликнете овде за да го прочитате и нашето детално упатство за купување!

Колку чини испораката до дома?
Испораката до дома за нарачките под 1200 денари чини фиксно 140 денари за цела Македонија.
Испораката за нарачките над 1200 денари е Гратис и плус ќе добиете бесплатен производ по избор, види ја листата на подароци!
Откога ќе нарачам за колку време ќе ми стигне пратката?
Пресек на нарачките правиме секој работен ден во 10 часот наутро и истите ги испорачуваме истиот ден, а обично во градските средини се доставуваат за 2-4 работни денови. (во поодалечените населени места или помалите општини стигаат за неколку дена)
 
Кога пратката ќе стигне во вашиот регион ќе ви се јави курирот од сервисот за испорака и директно со него ќе се договорите кога и каде да ви ја донесе.
 
 
 

Дали може да гарантирате за точно стигање на пратката?

За жал не можеме да гарантираме за точно време за пристигнување на пратките, бидејќи за достава користиме надворешна фирма (Kargo Express).
Исто така имаме политика да не примаме нарачки што се условуваат со точно стигање, токму од горенаведената причина.

Како може да изберам боја или дезен?

Дел од производите иако ги има во различни бои и дезени немаат опција при додавањето во кошничка да си изберете боја/дезен, во тој случај вашиот посакуван дезен или боја го пишувате во полето за забелешка кое се наоѓа на последната страница за нарачка (чекирање).

А, дел од производите пред да ги додадете во кошничка имаат опција да се избере боја или дезен, само ја бирате опцијата и кликате на копчето додај.

 

Е сега доколку се прашувате зошто нема опција за секој производ, тоа е бидејќи секој производ си има шифра, и при увозот доколку исти производ со различни бои дојде и со различни шифри тогаш ја има опцијата за бирање. За жал голем број производи ги увезуваме со иста шифра а со различни бои/дезени и немаме технички опција како тоа да го имплементираме во системот.

Како можам да ја платам нарачката?

ВО МОМЕНТОТ ПОДРЖУВАМЕ ТРИ НАЧИНА НА ПЛАЌАЊЕ И ТОА:

  • Испорака до дома со откупнина
  • Плаќање со Кредитна Картичка
  • Плаќање со Банкарски Трансфер

 

Кликнете овде за да се запознаете подетално за секој од начините за плаќање

Ми доцни пратката?

Доколку ви доцни или пратката ви треба итно, јавете се дирекно во Карго Експрес (фирмата за достава) сите телефони и сите претставништва по градови може да ги видите на следниот линк.
И дајте го бројот на нарачката за референца.

Каде се наоѓа вашата продавница?

НАМА е интернет продавница, и може да нарачате од било кој дел на Македонија.

Исто и испорачуваме до врата во Цела Македонија

 

Кое е вашето работно време?

Влезот во  НАМА  е отворен 24/7 се што треба е да имате интернет.

 

Дали имате класична продавница?

Немаме и во блиска иднина немаме планови за отварање на класична продавница, бидејќи сметаме дека 21 век е век на интернетот. Воедно на наше големо задоволство се поголем и погелем дел од граѓаните во Македонија се одлучуваат да купувааат преку интернет од НАМА, а огромен број се и повратни муштерии.

 

Каде се наоѓате?

А нашето седиште е во Струмица, мапа овде.

Ми се допадна еден производ но повеќе не се појавува во каталогот?

Најверојатно производот го имате видено додека сме го имале на залиха, а доколку производот повеќе не се појавува во категоријата каде сте го виделе тоа значи дека истиот го немаме повеќе на залиха.

Ова го правиме со единствена цел, кога купувате да ги гледате само производите што ги имаме на залиха, инаку освежување на базата со залихите правиме секој работен ден во 10ч. сабајле.

Дали производите се исти како на сликата?

Над 90% од фотографиите на производите што ги продаваме се направени лично од нашиот тим од самите производи што ги продаваме.

Останатите 10% се обично фотографии од самите производители на производите, и ги поставуваме само доколку одговараат на производот и ги задоволуваат нашите критериуми за квалитет.

Правам нарачка онлине, но не ми ја прима?

Најверојатно имате направено некоја грешка….
Најчести грешки кога не се процесуираат нарачките се:
1. Во полето за телефон сте поставиле коса црта /
2. Не сте ги пополниле сите полиња
3. Веќе имате регистрирано профил и сакате да направите нова нарачка со истата е-маил адреса без да сте логирани.

 

Алтернативно прочитајте го нашето детално упатство за купување!

Во странство сум, може ли да направам нарачка како подарок за Македонија?

Може!

Треба да ја напишете точната адреса на примачот во адреса за испорака.

Задолжително во забелшка да го напишете и точниот телефонски број на примачот во Македонија, бидејќи пред достава куририте се јавуваат на телефон (без телефонски број не се доставуваат пратките)

Алтернативно доколку сакате да приложиме и посвета со нарачката, напишете го текстот што го сакате во забелешка и изберете Приоритетна Пратка.

 

Гледам имате опција за Приоритетна Пратка, што значи тоа?

Со одбирањето на опцијата Приоритетна Пратка вашата нарачка автоматски ќе добие предимство пред сите други пратки. На пример доколку имаме 50 обични нарачки во системот, и 51 нарачка е со чекирана опција за Приоритетна Пратка, тогаш истата ќе се процесуира прва, пред другите 50 пратки иако е подоцна направена.

Исто така со одбирањето на приоритетна пратка, можеме да приложиме и посвета со нарачката (која треба да ја напишете во полето за забелешка), а по желба може да ја спакуваме нарачката во украсна хартија (ова важи само за пратки со волумен до 0.3 м3)

 

Како да си направам Профил во НАМА?

Профил во НАМА ќе ви биде генериран автоматски со првата нарачка!

Откога ќе ги пополните полињата и ќе внесете валидна е-маил адреса, по приемот на вашата прва нарачка автоматски ќе ви биде генериран профил, кој ќе може да го користите со сите следни нарачки без да ги пополнувате полињата повторно.

На е-маил ќе добиете автоматски генерирано корисничко име и лозинка.

Дали може да го заменам или вратам производот?

Дали можам да направам замена на производот за друг производ од вашиот асортиман?

Може !
Производот можете неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување да го замените рок од 15 дена од денот на преземањето. А претходно да не контактирате на тел 071 308 777 да се договориме за што конкретно сакате да направите замена.

Императивно е производот што го праќате да биде убаво заштитен, доколку оригиналното пакување или производот е оштетен на било кој начин, нема да можеме да ви го замениме.

Поштарината за замените е на сметка на клиентот.

 

 

 

Производот не ми одговара, дали може да ми ги вратите парите?

Може !
Производот кој не ви одговара можете неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување, со приложените документи и број на трансакциска сметка да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето. Парите ги враќаме исклучиво на трансакциска сметка.

Императивно е производот што го праќате да биде убаво заштитен, доколку оригиналното пакување или производот е оштетен на било кој начин, нема да можеме да извршиме поврат на средствата.

Поштарината за враќањето е на сметка на клиентот.

 

Не најдовте одговор на вашето прашање?

Доколку не можете да ја најдете информацијата што ја барате, ви стоиме на располагање во било кое време.

Pin It on Pinterest

Share This