Политика на Приватност
Ве молиме внимателно прочитајте ја нашата политика за заштита на личните податоци.
Ажурирано 26-04-2021
ВОВЕД
Центури ви благодари и ја цени вашата доверба која ја имате демонстрирано со користење на нашите услуги (правење нарачки и комуникација) со што ги споделувате Вашите лични информации со нас. Ние како правно лице и колектив ви ветуваме дека со вашите податоци ќе се раководиме согласно оваа политика на приватност, Вашите желби и законската легислатива. Вашите податоци се неопходни за процесирање на вашите нарачки, достава на пратките, или за стапување во контакт со вас на други начини, доколку ни имате дадено согласност.
Оваа Политика на Приватност важи за процесирање на лични податоци кои вие ги оставате со правењето нарачки онлајн, како и лични податоци преку други канали (телефон, комуникација преку социјални мрежи, апликации за комуникација, наградни игри, итн…).
Со нашата Политика на Приватност ви даваме јасна слика на тоа како ги процесираме вашите лични информации кои ги оставате, Вашите права, нивната заштита, како и опциите кои ги имате за контрола на вашите лични податоци и заштита на вашата приватност.
ПРИБИРАЊЕ И ВИДОВИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пр. Вашето име, Вашата адреса, било да е e-mail или поштенска, или линк од профил на социјални мрежи или апликации за комуникација. Центури не собира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пр. кога нарачувате, комуницирате со нас или аплицирате за вработување во нашата фирма.
Ние собираме два вида на податоци:
–Лични (кога правите нарачка на нашиот сајт, комуницирате со нас преку емаил, телефон, социјални мрежи или апликации за комуникација)
–Не лични (кога сурфате на нашиот сајт без да сте логирани и без да не контактирате)
Од лични податоци собираме: E-mail адреса, Име, Презиме, Адреса, Поштенски број, Место, Општина и Телефонски број за контакт. Кои ги користиме исклучиво за реализација на нарачките, комуникација со вас, аналитика и маркетинг.
Од не-лични податоци собираме, време поминато на сајтот, вид на уред, оперативен систем и интернет пребарувач со кој пристапувате до нашите содржини, резолуција на екранот, видени страници и производи, референтен URL од кој пристапувате до нашиот сајт и слично, кои ни служат исклучиво за аналитика, подобрување на функционалноста на сајтот и маркетинг.
КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Колачињата (Cookies) се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата интернет страна да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите интернет страната на Центури. Центури ги употребува Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата интернет продавница.
Без нив, нашите услуги поврзани со веб-страницата, корисничкото и функционалното анализирање, како и системите за рекламирање не би можеле да функционираат. Доколку продолжите со користењето на нашата веб-страница, вие се согласувате со условите на користењето на колачињата.
Ве молиме внимателно прочитајте ја нашата политика за колачиња, која е составен дел од нашата политика на приватност.
УПОТРЕБА И ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Центури ќе ги употреби вашите лични податоци исклучиво за испорака, наплата и фактурирање на вашата нарачка, за технички потреби за интернет страницата за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со вас. Центури нема да ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ќе ги користи исклучиво со ваша согласност. Центури во целост ја почитуваа доверливоста на вашите лични податоци. Воедно ве информираме дека доколку имате направено нарачка вашите податоци ќе бидат споделени поштенската служба за достава на пратки која е одделно правно лице и за кое исто важи законот за заштита на личните податоци.
Со правењето на првата нарачка на nama.mk автоматски ви се генерира кориснички профил, кој може да го користите за сите идни нарачки. Вие сами ги оставате личните податоци во профилот и може во секој момент да ги измените.
Со цел да избегнеме непотребно собирање на лични податоци, ја исклучивме опцијата за регистрација на профил без да се направи нарачка, и единствена опција за да имате профил на нама.мк е преку нарачка.
Податоците ќе ги чуваме се додека сме легално обврзани или имаме ваша согласност или имате профил на нама.мк. Вие можете во кое било време да побарате пристап до вашите Лични Информации или да ги избришете.
СЛОБОДА НА ИЗБОРОТ
Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на Центури. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци, Ве молиме имајте во предвид дека може да не ви бидат достапни некои наши услуги или делови од интернет продавницата.
МАЛОЛЕТНИЦИ
Центури им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на Центури без дозвола од нивните родители или старатели. Центури никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.
Во случај кога ќе забележаме дека не контактира малолетник, веднаш култирно (без да предизвикаме вознемиреност) го упатуваме до родител/старател и да ги повика тие да не контактираат во негово име.
БЕЗБЕДНОСТ
Безбедноста на личните податоци е императивна. Користиме HTTPS безбедносен протокол и TLS енкрипција за комуникација со нашата интернет страница. Доколку имате коринички профил кон истиот може да притапите исклучиво со корисничко име и шифрирана лозинка која е автоматски генерирана и е дополнително заштитена, вработените во центури не може да ја видат вашата лозинка, може само да ја ресетираат во случај да ја имате изгубено. Наша препорака е да не ја споделувате лозинката со никого и редовно да ја менувате.
Доколку користите картичка за плаќање на вашата нарачка преку нашата интернет страница ве информираме дека податоците од Вашата платежна картичка не може да ги видиме и дека не се процесираат преку нашиот сервер. При овие трансакции привремено ве пренасочуваме до авторизираниот сервер на НЛБ банка каде што се процесира вашата трансакција. Ние само добиваме нотификација од банката дали е успешна трансакцијата или не, износот, името и првите или последните 4 броеви на картичката.
Или кратко кажано: Во ниту еден момент, ние не ги гледаме, ниту собираме податоците на вашата картичка од сесијата со банката, само добиваме известување од банката дали трансакцијата е успешна или не.
Центури се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна. Освен со државни органи доколку законски го побараат тоа од нас и службата за достава на пратки која е друго правно лице.
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
НАМА.мк е присутна и активна на социјалните мрежи Facebook, Youtube, Google и Twitter како и апликации за комуникација како Viber и слично. Доколку остварите комуникација на таков начин вашите податоци може да станат достапни и на трети страни за кој важат нивните политики за приватност.
Делови од нашите содржини се споделуваат и преку горенаведените мрежи, ве молиме да имате во предвид доколку коментирате или споделувате наши содржини на социјални мрежи истото може да биде видливо и од трети лица во зависност од мрежата, поставките и нивната политика на приватност. Наша препорака е секогаш убаво да проверите каде ги објавувате вашите податоци.
ВРСКИ СО ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ
Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на сите официјални интернет страници во сопственост на Центури . Интернет страниците во наша сопственост може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од Центури, на кои што оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува. Кога ќе ја напуштите интернет страната на Центури, Ве молиме бидете свесни и прочитајте ги изјавите за лични податоци на секоја интернет страница во сопственост на трети страни.
ПРАВО НА ИНФОРМАЦИИ
Вашите права во однос на обработката на Вашите лични податоци се:
-Право да бидете информирани за процесирањето на личните податоци.
-Право на пристап до личните податоци.
-Право на исправка и бришење на личните податоци
-Право на ограничување на обработката на личните податоци
-Право на приговор
Доколку имате дополнителни прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив; Ве молиме контактирајте го нашиот офицер за заштита на лични податоци Ангел Захов на info@nama.mk или телефонски на 034 340 280. Доколку сакате може да на контактирате и преку пошта на следната адреса:
Центури
Булевар Гоце Делчев 121
Струмица 2400
ОБЈАВА ЗА ПРОМЕНИ
Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страна и на други места за кои сметаме дека се соодветни.