Најчесто Поставувани Прашања за Соларните Колектори

Прецизни одговори на вашите најчесто поставувани прашања за соларните колектори

Најчесто Поставувани Прашања за Соларните Колектори

Дали греат само кога има сонце?
Teko Solar се единствени на пазарот со трослоен вакум со бакарна превлака, внатре и надвор, на цевките. Кој што овозможува прифаќање на сончевата енергија преку сончев зрак, ултравиолетови зраци и инфрацрвени зраци.
Со што се овозможува грееење и на облачно и дождливо време.
Колку субвенционира државата, дали секој добива субвенција и до кога може да се аплицира?
Државата субвенционира 30% и секоја година има фонд кој се распределува на сите апликанти со лотарија (во зависност колку има пријавено), доколку нарачате ние со фактурата ќе ви приложиме и бланко апликација за државни субвенции.
Има ли гаранција?
Да сите модели доаѓаат со гаранција и тоа: На бојлер 7 години. На електроника 12 месеци.
Дали монтажата е вклучена во цената и доколку не, колку чини истата?

Монтажата не е вклучена во цената (цената е со бесплатна испорака до дома). Во просек монтажата чини од 5000-10000 денари во зависност од конфигурацијата на објектот (5-6000 работна рака + 3-4000 материјал). Исто така ние имаме листа на монтери од цела Македонија, и на ваше барање може да ви дадеме контакт.

На пример, стручните монтерски тимови на Теко Солар работат според следниот ценовник:

-Работна рака 4000-5000 Денари

-Цена по приклучно место 600 Денари

-Плус материјал (колку ќе се потроши) во зависност од конфигурацијата на објектот

 

Дали колекторите се по слободен пад или се под притисок?

Има и со слободен пад има и под притисок сите модели може да ги видите на следниот линк: https://nama.mk/kategorija/oprema/solarni-kolektori/

Велите инвестицијата сама се отплаќа, како точно?

Проста математика, просечен бојлер од 80-100 литри, троши месечно електрична енергија од 800-1000 Денари, а мал бојлер во кујна месечно троши околу 500 Денари. Со самото поставување на соларен колектор овие трошоци драстично се намалауваат. Што значи во зависност од потрошувачката првобитната инвестиција за набавка и монтажа ќе ги исплатите за една до две години, а понатаму во годините што следуваат, заштедувате од сметката за електрична енергија.

Каде можам да ги видам сите модели и цени на соларните колектори?

Сите модели што ги имаме на залиха може да ги видите на следниот линк:

Соларни Колектори

Ве потсетуваме дека за сите модели има БЕСПЛАТНА испорака до дома во Цела Македонија.

Најчесто Поставувани Прашања за Нарачките

Сакам да нарачам, а не знам како?
Постапката за нарачки е следна:
Ги ставате производите за кој што сте заинтересирани во кошничка.
Кога ќе завршите со додавање производи кликате на нарачка.
Во нарачката ги пополнувате вашите податоци (или само се логирате доколку сте повратен муштерија)
Избирате начин на достава и плаќање
и за крај кликате НАРАЧАЈ.
 
Доколку не може да се снајдете, јавете се на 071 308 777  или пишете ни фејсбук порака или пратете ни маил на info@nama.mk и ние ќе ја направиме нарачката за вас.
За да ја внесеме нарачката во системот на ваше име ни треба следното:
Име и Презиме
Адреса
Телефонски Број
е-маил
 
И конкретно за кои производи сте заинтересирани.

 

Алтернативно може да  кликнете овде за да го прочитате и нашето детално упатство за купување!

Колку чини испораката до дома?
Испораката до дома за нарачки над 1000 денари е БЕСПЛАТНА.
А за нарачките под 1000 денари се плаќа фиксна цена од 140 Денари за Цела Македонија.
Откога ќе нарачам за колку време ќе ми стигне пратката?
Пресек на нарачките правиме секој работен ден во 10 часот наутро и истите ги испорачуваме истиот ден, а обично во градските средини се доставуваат наредниот ден.
Ќе ви се јават од Брза Пратка на телефон да се договорите околу превземањето на пратката.
Како можам да ја платам нарачката?

ВО МОМЕНТОТ ПОДРЖУВАМЕ ТРИ НАЧИНА НА ПЛАЌАЊЕ И ТОА:

  • Испорака до дома со откупнина
  • Плаќање со Кредитна Картичка
  • Плаќање со Банкарски Трансфер

 

Кликнете овде за да се запознаете подетално за секој од начините за плаќање

Каде се наоѓа вашата продавница?

НАМА е интернет продавница, и може да нарачате од било кој дел на Македонија.

Исто и испорачуваме до врата во Цела Македонија

 

Кое е вашето работно време?

Влезот во  НАМА  е отворен 24/7 се што треба е да имате интернет.

 

Дали имате класична продавница?

Немаме и во блиска иднина немаме планови за отварање на класична продавница, бидејќи сметаме дека 21 век е век на интернетот. Воедно на наше големо задоволство се поголем и погелем дел од граѓаните во Македонија се одлучуваат да купувааат преку интернет од НАМА, а огромен број се и повратни муштерии.

 

Каде се наоѓате?

А нашето седиште е во Струмица, мапа овде.

Не најдовте одговор на вашето прашање?

Доколку не можете да ја најдете информацијата што ја барате, ви стоиме на располагање во било кое време.

Pin It on Pinterest

Share This