Услови, Правила и Приватност

 

Услови и Правила

Ве молиме внимателно прочитајте ги условите и правилата за користење на интернет продавницата. 

 

Правила за Корисниците

 

Сите цени во оваа Интернет Продавница се во Денари и се конечни на денот на нарачката и се со вклучен ДДВ.

Воедно Центури ДОО го задржува правото да врши промена на цените без претходна најава.

Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена, на домашна адреса или во локалната пошта. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот. Освен ако не е поинаку назначено. Производот и трошоците за испорака се плаќаат кога ќе го добиете производот на денот на нарачката, освен во случај ако нарачката ја имате платено со кредитна картичка или со банкарски трансфер.

По извршувањето на нарачката, ќе добиете и e-mail порака како потврда дека нарачката е примена, истата ќе ги содржи деталите од нарачката. Можно е да ве побараме по телефон да ја потврдите истата. Исто така доколку нарачувате прв пат, автоматски ќе ви биде генериран и профил, кој ќе може да го користите за сите идни нарачки.

По комплетирањето на нарачката (процесуирање), ќе добиете и e-mail порака за потврда, која ќе ги содржи деталите од нарачката.

Производот кој не ви одговара можете неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување и со приложените документи да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето.

Во случај да барате враќање на парите, тоа право ќе можете да го остварите само ако производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура (фискална сметка) во период од 7 дена од приемот на производот. Трошоците за поштарина се на ваша сметка. Парите ќе ви бидат пратени исклучиво на Вашата трансакциска сметка.

 

Информации за Испорака

 

Производите нарачани во оваа Интернет Продавница ќе ви бидат испорачани преку пошта или преку курирска/доставна служба.

Пресек на нарачките правиме секој работен ден во 10 часот наутро и истите ги испорачуваме истиот ден, а обично во градските средини се доставуваат наредниот ден.
Ќе ви се јават од доставната служба на телефон да се договорите околу превземањето на пратката.

Што значи дека, нарачаните производи ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена од денот на нарачувањето во зависност од вашата локација. Ако производот е во моментот на залиха, ќе го добиете во период од 2-3 дена, по нарачувањето. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.

По правило (default) производите ги праќаме во оригинално неотворено фабричко пакување, освен ако не е претходно поинаку договорено со клиентот.  

Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса или во локалната пошта во готовина, со кредитна картичка или со банкарски трансфер (вирмански).

Со секоја пратка ќе добиете фактура, со детална спецификација и цени на производите во нарачката.

Правило на куќата е пред испорака сите нарачки да се потврдуваат телефонски, императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во вашиот регион) за да се договорите околу превземањето на истата.

Со самото користење на сајтот (правење нарачка) од nama.mk автоматски се сложувате со овие правила.

 

Приватност

Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со заштитата на личните податоци.

Вашите сесии на nama.mk се заштитени со најсовремена TLS – SSL Заштита (прочитај повеќе)

 

Прибирање и обработка на лични податоци

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пр. Вашето име, Вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. Центури не собира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пр. кога нарачувате или се пријавувате.

 

Употреба и чување на личните податоци

Центури ќе ги употреби вашите лични податоци исклучиво за испорака и наплата на вашата нарачка и за технички потреби за интернет страницата  за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со вас. Центури нема да ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ќе ги користи исклучиво за технички потреби, испорака и наплата на нарачката.  Центури во целост ја почитуваа доверливоста на вашите лични податоци.

 

Cookies

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата интернет страна да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите интернет страната на Центури. Центури ги употребува Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата интернет продавница.

 

Малолетници

Центури им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на Центури без дозвола од нивните родители или старатели. Центури никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.

 

Право на информации

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив; Ве молиме контактирајте не.

Центури
Булевар Гоце Делчев 121
Струмица 2400
Телефон 034 340 280

 

 

Слобода на изборот

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на Центури. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци, Ве молиме имајте во предвид дека може да не ви бидат достапни некои делови од интернет продавницата.

 

Автоматски снимени податоци (не-лични податоци)

Кога ќе се вклучите на интернет страната на Центури, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страната) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата интернет продавница и за да ја подобриме содржината и функционалноста. Нашата страница користи и cookies од светски провајдери како Google и Facebook за кој важат нивните изјави за лични податоци.

 

Безбедност

Центури се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.

 

Врски со други интернет страни

Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на сите официјални интернет страници во сопственост на Центури . Интернет страниците во наша сопственост може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од Центури, на кои што оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува. Кога ќе ја напуштите интернет страната на Центури, Ве молиме бидете свесни и прочитајте ги изјавите за лични податоци на секоја интернет страница во сопственост на трети страни.

 

Објава за промени

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страна и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Pin It on Pinterest

Share This