TLS - SSL заштита!
Вашите сесии на nama.mk се заштитени со најмодерна TLS - SSL конекција!NAMA.mk користи ТЛС 1.2 ССЛ заштита
NAMA.mk е првиот Македонски сајт кој воведе најсовремена TLS 1.2 SSL заштита, ова ви ја гарантира приватноста и безбедоста бидејќи вашите сесии на NAMA.mk се енкриптирани и аутентицирани со користење на симетричен AES_128_GCM алгоритам и ECDHE_RSA клуч за размена на податоците и истите не можат да бидат пресретнати од трети страни.

Како најлесно да видам дали сајтот користи заштита?
Многу едноставно, во вашиот омилен пребарувач сајтот со заштита пред УРЛ адресата треба да има катанец и УРЛ адресата треба да започнува со HTTPS:// за разлика од обичните сајтови кои немаат катанец и УРЛ адресите започнуваат со HTTP://
Еве за пример ќе го земеме Google Chrome кој воедно е и најкористен интернет пребарувач во Македонија. Како што можете да видите од сликата NAMA.mk има зелен катанец и УРЛ адресата започнува со HTTPS://
