Трицикл – Комбиниран 5 во 1 (Повеќе Дезени)

Модерен квалитетен комбиниран трицикл со рачка и сенка идеален за долги прошетки.

Во моментов производот го нема на залиха.

Шифра: ЛО-7747 Категорија: Ознаки: ,

Опис

Модерен, високо квалитетен комбиниран детски трицикл 5 во 1. Идеален за долги прошетки, а во зависност од возраста седиштето може да се намести и кон родителот и кон патот. А може да се управува од родителот со помош на рачка а кога ќе потпорасне детето, се трансформира во класичен трицикл и детето може само да го вози.

 

Карактеристики и погодности!

Ергономско седиште обложено со високо квалитетен материјал.

Трициклот е изработен од најквалитетни материјали, а благодарение на сенката со прозорец, која по потреба може да се извади или собере овозможува да се користи во сите временски прилики.
Ергономската рачка, обложена со прекрасен нелизгав мек материјал, овозможува потполна контрола на трициклот од страна на родителот, позицијата може да се намести по желба, а кога ќе порасне детето може и потполно да се отстрани.
За зголемена безбедност обрачот на трициклот е обложен со квалитетен мек материјал, со што се овозможува 100% безбедно возење, без да се повреди детето.

Трициклот доаѓа и со многу практична корпа за багаж и сместување на есенцијалните реквизити, или едноставно може да си ги ставите ќесите од пазарот.

И најважно од се, трициклот се прилагодува и се користи различно пропорционално со возраста на детето:
Така да на почетокот детото седи а со трициклот управува родителот.
Откога ќе потпорасне детето (18+ месечна возраст), полека може да се учи да управува (асистирано и со контрола на родителот).
Кога ќе порасне детето уште малку (36+ месечна возраст) слободно може да се извади рачката за контрола и детето само да го вози и управува трициклот.

Додатни информации

Дезен

Дезен 1, Дезен 2

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This