Опис
Револуционерен бебешки реквизит дизајниран и произведен во Македонија.
Удобно за бебето, мултипрактично за мајката.
Дизајниран е да одговара на сите додатоци кои ги користите секојдневно додека сте со вашето дете.
Заради лесната памучна текстура е удобен и за користење и лесен за одржавање,
така што вашето дете не ќе можете да го разделите од него.
Лесно и брзо се поставува на секој од вашите додатоци
и со тоа го прави мултифункционален за користење во секое време и на секое место.
9 ФУНКЦИОНАЛНОСТИ НА MULTIPRACTIC
Како што и каде се можете да го употребите MULTIPRACTIC
НАВЛАКА ЗА КОЛИЧКА
Совршено одговара на вашата количка. Лесно се поставува на количката, низ отворите се провлекуваат сигурносните појаси за детето а страничните врвки служат за врзување и прицврстување зад количката. Ја заштитува количката од нечистотии и оштетувања а меката и нежна тесктура овозможува вашето дете да се чуствува пријатно. Во летните жешки денови го намалува потењето на децата.
НАВЛАКА ЗА РЕЛАКСАТОР
Бејби мултипрактикот одлично се приспособува на релаксаторот.
Низ отворите се вадат сигурносните каиши за прицврстување на детето. Го заштитува релаксаторот од оштетување и валкање, а бебето се чувствува удобно и пријатно.
ЌЕБЕНЦЕ СО КАПЧЕ
Бидете подготвени за секоја временска промена со Бејби мултипрактикот кој може да Ви послужи и како кебенце со капче
НАВЛАКА ЗА СТОЛЧЕ ЗА ХРАНЕЊЕ
Одлично се приспособува на столчето за хранење. Низ отворите се вадат сигурносните каиши за прицврстување на детето. Столчето е заштитено од валкање со храна и оштетување.
ПОДЛОГА ЗА ИГРАЊЕ
Бидете подготвени за секоја временска промена со Бејби мултипрактикот кој може да Ви послужи како подлога за играње. Користете го како пикник ќебенце, ќебенце за во количка, кола, релаксатор, подлога за преслекување.
НАВЛАКА ЗА СЕДИШТЕ ВО АВТОМОБИЛ
Бејби мултипрактик е одличен како навлака за детско седиште во кола.
Лесната памучна текстура ќе го намали потењето на децата и ке ја впие потта за да остане детската кожа сува и нежна. Истовремено го заштитува седиштето од нечистотии и храна која децата уживаат да ја јадат додека патуваат.
МАРАМА ЗА ДОЕЊЕ
Бејби мултипрактикот може да послужи и како марама за доење која овозможува приватност при доење.
Марамата се врзува околу вратот и грбот, за да и овозможи приватност на мајката, а на бебето му овозможува затемната околина. Предниот подотворен дел под вратот овозможува прегледност кон бебето и прозрачност. Долниот дел на марамата има прирачен џеб за цуцла, марамче и слични потребни додатоци при доење.
НАВЛАКА ЗА ТРАНСПОРТЕР
Бејби мултипрактикот одлично се приспособува на релаксаторот.
Низ отворите се вадат сигурносните каиши за прицврстување на детето. Го заштитува релаксаторот од оштетување и валкање, а бебето се чувствува удобно и пријатно.
ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ НА НОВОРОДЕНЧЕ
Бејби мултипрактикот може да го користете уште од најрана возраст како вреќичка за спиење за вашите најмили. Нежно, удобно и топло за вашето бебе додека спие.

Покрај стандардните дезени, може да нарачате и персонализиран примерок со отпечатено име на вашето бебе (се чека неколку дена)


























Коментари
Сеуште нема коментари.