20

Џенга

235 ден

Друштвена дрвена игра Џенга Класик.

Нема на залиха

Опис

Џенгата е игра која нуди часови и часови забава. Сетот се состои од 48 нумерирани дрвени плочки + коцки.

Може да се игра со или без коцки, прво се редат плочките во форма на кула по 3 парчиња на ниво наизменично. Секој од играчите вади по една плочка од кулата внимавајќи да не ја сруши. Играта завршува кога ќе се сруши кулата.

Доколку ја играте со коцките, кога ќе се фрлат се собира збирот и играчот треба да извлече плочка што соодветствува на збирот. Откако ќе ја извлече плочката ја става на врвот на кулата, по што коцки фрла наредниот играч.

И во двете варијации на играта губитник е оној што ќе ја сруши кулата.

Може да ја играат два или повеќе играчи…

 

А најмалите може да ја играат и сами (без коцките) да прават фигури од дрвените плочки, да ги учат бројките, одлично е за координација на рацете со очите и развој на фината моторика.

Производот доаѓа во прикладно трговско пакување во боја – идеално за подарок.

Димензии на пакувањето:
Висина 27 см
Ширина  8 x 8 cm

Не за препорачува за деца под 3 години, да се користи секогаш во присуство на родител/старател.

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This