Градинка за Играње (BabyBoom)

3990 ден

Високо квалитетна, безбедна заштитна градинка за игра.

Нема на залиха

Опис

Високо квалитетна заштитна градинка за играње од програмата на БејбиБум.

Малите тодлери ќе уживаат во безбедниот простор, а одлично е и за родителите кои со помош на ова помагало конечно ќе може да пијат кафе на раат.

Градинката е преносна и лесно се склопува и расклопува, склопена зафаќа малку простор, и истата освен во домашни услови може да ја користите каде сакате, дури и на излет.

Градинката има квалитетна (Heavy Duty) конструкција обложена со специјален дебел хипоалергенски материјал, кој тешко се валка а лесно се чисти.

Стилизирана со јаки живи бои и прекрасениот дезен дополнително ги развива когнитивните вештини на децата.

Благодарение на цврстата конструкција детето лесно ќе се исправа и стои држејќи се со рацете на оградата, со што дополнително ќе ја развива мусклулатурата на екстремитетите.

А со проѕирната и цврста мрежа цело време ќе може да го пратите детето и ниту секунда нема да го испуштите од вид.

Димензии: 100 x 100 x 74 см

 

Напомена: За едноставно склопување прво исправете ги страничните делови, а на крајот исправете го долниот дел.

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This