10

Игра – Меморија

495 ден

Мемориска игра, за развој на малите сиви ќелии и забава за целото семејство.

Нема на залиха

Опис

Оваа прекрасна игра, е одлична забава за целото семејство може да ја играат од 1 до 4 играчи истовремено. Доаѓа со табла-матрица со форми, предмети, броеви и букви, карти, фигури и жетони за секој играч и песочен часовник.

Правила на Играта:
1. Секој играч треба да избере по една боја од фигурите;
2. Од топот со  карти секој играч наизменично влече по една карта, ако играчите се под 6 години картата може да е отворена, а ако играчите се над 6 години картата се меморира еднаш и се превртува.

3. Играчот има ограничено време да ги најде формите од картата на табелата, времето се мери со песочниот часовник кој е вклучен во сетот.
4. Додека тече времете се ставаат фигурите на формите кој играчот ќе ги пронајде на таблата.
5. Кога ќе истече времето се проверува колку точни форми нашол играчот и за тоа добива соодветен број жетони.
6. Кога ќе заврши играта победникот е тој што има најмногу од жетончињата.

 

Одлично за когнитивниот, интелектуалниот и моторичкиот развој на вашето дете. Посебно за учење на развој на меморијата, броењето, поимот за количина, развој на моторичките функции, итн..

Оваа е едукативна игра која едноставно не смеете да ја пропушттите.

Сетот се состои од:
-60 жетони во разни бои
-12 Фигури за бележени во разна боја за секој од играчите.
-1 Песочен часовник за мерење на времето
-60 мемориски карти
-1 Табла-Подлога со форми

Димензии на подлогата:

Производот доаѓа во прикладно трговско пакување идеално за подарок.

Забелешка: За деца над 3 годишна возраст, секогаш под супервизија на родител-старател.
Можно е да има мали варијации во боите и дезените за разлика од приложените фотографиии.

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This