Камера (3во1) – WiFI IP Camera Q10

2880 ден

Мултинаменска ВиФи камера која може да ја користите за мониторинг, комуникација и како аларм.

Нема на залиха

Шифра: ЛМ-CAM002-q10 Категории: , Ознаки: ,

Опис

Мултинаменска Wi-Fi IP HD камера (3 во 1) која може да ја користите за мониторинг, комуникација и како аларм.

Бидете во тек што се случува во вашиот дом кога вие не сте дома со оваа домашна бежична IP камера.

Со оваа безбедносна камера, можете без проблем да го оставете вашиот дом безбеден и  од сега па натаму ќе бидете во можност секогаш да проверете што се случува дома и тоа без да сте физички присутни.

Благодарение на WiFi поддршката, оваа IP камера ви овозможува пристап во живо да гледате преку вашиот паметен телефон. Тоа значи дека без разлика каде сте, секогаш ќе можете да имате пристап на камерата оддалеку. Со мал и компактен дизајн, оваа внатрешна камера може да се постави на било кое место во вашиот дом или канцеларија.

Со истовремен двонасочен пренос на аудио, оваа камера ви овозможува да зборувате со тој што е во вашиот дом, идеално е за комуникација со најблиските. А посебно за мониторинг и комуникација со децата кога се сами дома. Исто и за сопствениците на бизнис за мониторинг на вработените и објектите.

 

Со 1/4 инчен CMOS сензор, оваа безбедносна камера ви дава слика од 720p HD. Исто така поддржува 60-степен агол за гледање. Ова ви овозможува да знаете што се случува во вашата просторија.

Едноставно поврзете ја со вашиот WiFi, синхронизирајте ја со вашиот телефон, и се е подготвено.

Со поддржувањето на PTZ дури ви овозможува да ја завртете камерата во било која насока преку вашиот паметен телефон. Така да нема да остане ниту едно место во вашиот дом или канцаларија недостапно од мониторинг. Можете да пристапете кон камерата преку iOS и Android – и можете безпрекорно да ја користете без разлика каков телефон користете.

Со поддршка на детектирање на движење, оваа безбедносна камера може да ви испрати порака со аларм кога ќе детектира движење. Покрај испраќањето на порака на вашиот телефон.

Има опција и веднаш да почне и да снима на СД мемориска картичка, која подоцна може да ја користите и како доказ. а благодарение и на двонасочното аудио можете дирекно да им се обратите на провалниците да знаат дека некој ги гледа и снима..

Оваа исклучително практична и модерна камера доаѓа и со инфрацрвено и 5м ноќно гледање. Ви нуди високо квалитетни снимки и дење и ноќе

 

Камерата е спој на елеганција и модерна технологија. Едноставно кажано мора да си набавите една.

 

Камерата исклучително лесно се монтира и инсталира може да ја поставите на ѕидот, таванот или во некој агол да ви сои како украс, има приклучок за СД картичка, а се напојува преку УСБ со адаптер кои се вклучени во сетот.

Гаранција 2 години.

 

 

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This