Комбинирана Бебешка Подлога – Piano Fitness

2450 ден

Креативна, комбинирана, мултинаменска бебешка подлога за игра.

Нема на залиха

Шифра: ЛО-7605 Категории: , Ознаки: , ,

Опис

Креативна, комбинирана, мултинаменска бебешка подлога за игра – Piano Fitness

Ова е прекрасен бебешки реквизит, кој освен што го забавува детето, го стимулира и развојот на основните когнитивни и моторички функции.

Овој прекрасен сет е составен од хипоалергенска мека подлога, висечка арка со играчки и најважното пиано кое свети и свири.

Кога детето е новороденче може да си игра лежејќи и со нозите да ги удара копчињата на пианото, а исто да ги гледа и висечките играчки. А кога му правите вежби на стомачето, играчките може да се постават на долната страна за додатна занимација.

Кога детето ќе почне да седи, може да го поставите пианото хоризонтално со што детето ќе може да прави интеракција со истото, забавувајќи се со мелодиите и звучните ефекти. Исто така пианото може да се отстрани од сетот и да го користите во креветчето, или подоцна кога уште ќе порасне детето ќе може да си свири каде сака.

Пианото има кратки и долги мелодии, има опција за звучни ефекти, а и свети во согласност со мелодијата што свири. 

 

Карактеристики и Погодности:

  • Одличен реквизит за забавување и развој на вашето дете
  • Повеќе начини на користење: Лежење и играње, вежби на стомак, седење и играње (во зависност од возраста на бебето)
  • Вклучено пиано, кое свети,свири мелодии и служи како интерактивна играчка.
  • Живописен дезен со мотив животни и јаки основни бои, кој ја развива љубопитноста.
  • Развој на моториката и координација на очите со рацете со висечките играчки и пианото.
  • Изработено од хипоалергенски материјал, безбедно и нетоксично

 

Сетот се состои од:

  • 1 мека нетоксична подлога
  • 1 флексибилна висечка арка (која по потреба се отстранува)
  • 1 Интерактивно пиано кое свири и свети
  • Држачи за арката и пианото
  • 5 Висечки играчки

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This