30

Куќа за Кукли – My Lovely Villa

2795 ден

Голема куќа за барбики комплетно опремена со мебел, идеален дом за куклите и имагинативна игра.

Нема на залиха

Опис

Оваа голема двоспратна куќа (вила) за кукли комплетно опремена со мебел е сон на секое девојче.

Конечно куклите ќе имаат свој дом и идеално место за играње. Ќуќата може да се монтира во две верзии, во зависност од преференците правоаголна и ректагуларна.

Куќата има 5 пространи соби, кои може да ги опремите по желба (благодарение на покуќнината и мебелот кои се вклучени во сетот, а има и пространа отворена тераса.

Во куќата може да се сместат и да се игра со сите видови кукли со должина до 29см.

Фасадата на оваа двоспратна куќа е направена од пријатни женски бои и е стилизирана како мозаик, покривот е со црвени керамиди, вратата се отвара, а прозорците се декорирани со цвеќе и стилизирани како од бајките.

Во процесот на играње, најпрво детето ќе си ја развие интелигенцијата и креативноста составјќи ја куќата и опремувајќи ги собите по желба. Воедно ќе ја развива и моториката посебно координацијата на рацете со очите.

Откога ќе се состави куќата со куклите детето ќе може да си игра имагинативна игра во најразлични сценарија. Ќе се учи на правилно однесување, социјализација и ред.

Карактеристики

  • Голема куќа со 5 соби и отворена тераса
  • Комплетно опремена со мебел
  • Повеќе начини на составување
  • Погодна за кукли до 29см
  • Изработена од високо квалитетни материјали
  • Обоена со нетоксични бои
  • Одлично за имагинативна игра
  • Развој на интелигенцијата, моториката, социјализацијата
  • Тежина 3717  грама

 

Димензии:
Куќа опција А: 83.5 x 25.5 x 70 cm
Куќа опција Б: 58.5 x 50.5 x 70 cm

Димензии на пакувањето: 48 x 62 x 10 cm

Производот доаѓа во прикладно трговско пакување во боја, идеално за импресивен подарок.

Забелешка: За деца над 3 годишна возраст, секогаш под супервизија на родител-старател.

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This