20
20
20
20

Магична Саксија

120 ден200 ден

Иновативни магични саксији во кои растенијата сами се наводнуваат. Достапна во 3 големини.

Опис

Одите на пат, се мислите кој да задолжите да ви го наводнува цвеќето, или презафатени сте немате доволно време да ги навадите билките?

Еве идеално решение со кое вашите растенија секогаш ќе бидат наводнети.

Магичните саксии се составени од два дела, горниот дел каде што се поставува растението со почвата и долен дел каде што се поставува водата.

Благодарение на елегантниот капиларен дизајн, преку фитилот се овозможува вашите растенија секогаш да се навадени онолку колку што им треба, никогаш нема да ги превадите и да ја расипете почвата. А во садот со вода може да додадете и додатни минерални материи за оптимален развој на вашите растенија.

Исклучително лесно за употреба. Најпрво го поставувате фитилот во саксијата согласно илустрациите.

Потоа го пополнувате долниот дел со вода согласно илустрацијата – лево, но внимавајте никогаш водата да не се преклопи со горниот дел -десно.

И за крај го поклопувате со горниот дел со растението, така може да заборавите на секојдневната рутина на вадење… Магичната саксија ќе си ја изврши работата беспрекорно…

Со прекрасната бисерна бела боја саксиите ќе се вклопат во било кој ентериер или локација. Може да ги користите и внатре и надвор, дома и на работа, користењето е ограничено само со вашата имагинација.

Секоја саксија се состои од 2 дела + фитил за наводнување:
-Комора за растение
-Саксија
-Фитил за наводнување

Димензии:

Саксиите се достапни во 3 модели со различни големини, погоре во опциите на кошничка може да си изберете величина.
Модел М7 120 ден
Модел М9 160 ден
Модел М11 200 ден

Цената е за 1 саксија.

Важна забелешка: Никогаш нивото на водата да не го надмине нивото на горната комора, во спротивно може да дојде до оштетување на растението.

Додатни информации

Модел

M7, M9, M11

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This