30

Домашен Аларм

Original price was: 985 ден.Current price is: 690 ден.

Домашен аларм со сензор за активација кој испушта звук од 105 децибели и две далечински за активација и деактивација.

Нема на залиха

Опис

Со овој сензорски аларм не ви е потребно да ангажирате обезбедување на вашиот дом или работно место.

Доколку некој се приближи до опсегот на сензорот, веднаш се активира алармот со јачина од 105 децибели со мало задоцнување од 5 секунди за да ги исплаши непоканетите гости или да го привлече вниманието на полицијата.

Задоцнувањето од 5 секунди е направено за да може за тоа време да го употребите далечинското за да го исклучите алармот кога да ги избегнете непотребните звуци од алармот (на пр. кога си одите дома).

Активирајте го кога излегувате или си легнувате, а деактивирајте го кога си одите дома или откако ќе станете, а со помош на далечинското лесно може да го контролирате.

Далечинското работи на 3 AG13 батерии (кои се вкличени), а главниот апарат работи на 4 АА батерии (кои не се вклучени во сетот). За разлика од алармите кои работат на струја, овој аларм ќе функционира ви било кои околности дури и кога нема електрична енергија.

Максималната дистанца е околу 3-4 метри кога температурата е под 30°С.

Во сетот е вклучен алармот со држач и две далечниски со приврзок за активација и деактивациај.

Начин на поставување:
Закачете го на ѕидот 1,5 или 2 метри над земјата, или поставете го на мебел како на пример маса, стол, шкаф и слично кои си 1 – 1,5 метри високи.

Упатство за употреба:
1. Поставете ја батеријата, со далечинското вклучете ја главната единица и ќе светне зелената ламбичка околу 20 секунди. Тие 20 секунди е потребното време за вклучување на алармот.
2. После 20 секунди, кога истекува потребното време за вклучување на алармот, зелената ламбичка се гаси и инфрацрвениот аларм се вклучува.
3. Ако некој влезе во реонот на инфрацрвениот аларм во тоа време, црвената ламбичка која е лево од зелената почнува да трепка 5 секунди. За тие 5 секунди сопственикот може да го исклучи алармот за да ги избегне звуците од алармот.

 

Производот доаѓа во прикладно трговско пакување.

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This