10 %

Столни Игри – 4во1 (122x61cm)

Original price was: 19990 ден.Current price is: 17990 ден.

Иновативен сет со 4 столни игри, Билијард, Фудбалче, Пинг Понг и Столен Хокеј.

Нема на залиха

Опис

Кога станува збор за столни игри ова е сет кој што успешно ви нуди 4 прекрасни игри комплетирани како еден сет.

Сетот е во вид на инвентивна масичка на може да се игра една од следните игри: Билијард, Фудбалче, Столен Хокеј и Пинг Понг.

Ова е вистински производ за релаксација и дружење, за подобрување на расположението во вашиот дом и часови неизмерна забава.

Компактна зазема место за една игра а има четири, изработена од дрво во комбинација со метал и пластика, масичката е цврста и стабилна за континуирана употреба.

Благодарение на инвентивниот дизајн, кога не ја користите масичката може да ја подигнете во вертикала, со што ќе ослободите дополнителен простор.

Во сетот се вклучени сите аксесоари за играње на секоја од игрите заедно со упатство.

Исклучително е лесна за користење, откако ќе ја поставите масичката треба само да ги заменувате таблите кои се поставуваат врз основната табла за билијард.

Масата ја добивате во фабричко пакување и треба да ја составите, операција која ќе ја завршите за краток период благодарение на приложеното упатство за монтажа.

Димензии:
Должина 122 см
Ширина 61 см
Висина 81 см

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This