15

Магичен Свиток

55 ден

Едукативна играчка за раздвижување на сивите ќелии.

На залиха

Опис

Оваа нова едукативна играчка ќе му помогне на вашето дете да ја развие интелигенцијата преку интересна игра. Корисна е, бидејќи е одлична за когнитивниот развој, логиката, моториката и координацијата на очите со рацете. А интересна е и за возрасните.

Магичниот свиток е сличен на рубиковата коцка но со многу повеќе опции, се состои од 24 меѓусебно поврзани парчиња, со кои може да се конструират најразлични форми.

Оваа едукативна играчка ќе ви донесе безброј моменти на забава, при што убаво ќе ви ги разработи малите сиви ќелии.

Магичниот свиток е добар за:
-Развој на фина и груба Моторика
-Координација на рацете со очите
-Развој на мускулите на рачињата
-Развој на креативноста и имагинацијата
-Развој на математичките вештини и перцепцијата
-Развој на концентрацијата
-Социјализација и Комуникација (кога се игра во друштво)
-Решавање на проблеми
-Самодоверба

Производот е достапен во повеќе бои, доколку имате преференца за боја пишете во забелешка, во спротивно ќе ви биде пратена боја по случаен избор.

Забелешка: За деца над 3 годишна возраст, секогаш под супервизија на родител-старател.

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This