25 %
Заштеда 260 ден

Матрјошка (сет7)

Original price was: 1040 ден.Current price is: 780 ден.

Пракрасна дрвена Матрјошка-Бабушка, рачно обоена со живописни бои, која се состои од 7 кукли кои се вгнездуваат една во друга.

На залиха

Опис

Матрјошка или Бабушка е руска дрвена играчка која се состои од кукли кои се разделуваат, и внатре се наоѓаат сè помали кукли. Или на кратко се вгнездуваат една во друга.

Прекрасни дрвени руски кукли познати како Матрјошки-Бабушки изработени од суво дрво, кои се квалитетни, издржливи, мазни и лесни. Куклите се украсени со различни прекрасни живописни бои, кои може да се користат и како едукатвини играчки.

Оваа прекрасна, дрвена, рачно обоена матрјошка со живописни бои матрјошка се состои од 7 кукли кои се вгнездуваат една во друга.

Може да служи како украс, а најчесто се користи како играчка, и подеднакво ја сакаат и момчињата и девојчињата.

Иако оваа е една од најстарите играчки што воопшто постојат (првите матрјошки се евидентирани во далечната 1890 год) и ден денешен во ера на таблети и смартфони, нема дете кое не се радува на матрјошките.

Воедно се многу корисни за детскиот развој, одлични се за координација на рацете со очите, развој на рачната мускулатура, спознавање на формите и величините и основите на геометријата, итн..

За да бидат безбедни за децата, дрвото не е третирано со никакви хемиски супстанци. Внатрешноста на куклата е стерилизирана со алкохол пред пакувањето, и ве молиме да не ги бришете или прскате со алкохол бидејќи ќе ја уништи бојата.

Покрај тоа што куклите може да бидат прекрасна декорација исто така може да ги користите и за други намени. Како на пример чување на пенкала, кутија за никт, одгледување на мали растенија и др. Идеален подарок за секого, обожаватели на Бабушки и уметнички изработки.

Димензии:

Најголемата е висока 18 см и е со дијаметар од 8.5 см, и скалесто се намалуваат за да најмалата кукла е висока 1.5см со дијаметар 1см.

 

Матрјошката е достапна во повеќе бои, доколку имате преференца за боја пишете во забелешка каква да ви пратиме, во спротивно ќе ви биде пратена боја по случаен избор.

Секоја матрјошка доаѓа спакувана во ОПП целофанско пакување.

Забелешка: За деца над 3 годишна возраст, секогаш под супервизија на родител-старател.

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This