Фолија за Стакло – Casted Iron

250 ден

Иновативна адхезивна декоративна фолија за стаклени површини со дезен на ковано железо, која пропушта светлина и го замаглува видното поле.

На залиха

Опис

Проѕирна, декоративна адхезивна фолија за стакло, која пропушта светлина, а го замаглува видното поле.

Одлична е сите стаклени површини каде што е потребна дискреција.

Идеална е за прозорците на вашиот тоалет, туш кабината, или прозорецот на дневната доколку ве гледаат од патот. Одлична е и за фирмите, за излозите на бизниси кои се занимаваат со услуги, итн…

Покрај што овозможува дискреција, фолијата пропушта светлина, а и одлично ги декорира вашите стакла.

Фолијата е водоотпорна, отпорна на масло и  многу тешко се валка, а исклучително лесна е за чистење, се поминува само со крпа.

 

Може да ја поставите на било која стаклена површина со леснотија, благодарение на специјалното адхезивно статичко својство на фолијата.

Најпрво треба да го избришете местото, пригответе ја фолијата за лепење. И полека да ја залепите притискајки пластична шпакла, кредитна картичка или некој мек предмет за да избегнете воздушни меурчиња.

Едноставно кажано ова е производ кој ќе го искористите со задоволство и е ограничен само со вашата имагинација и може да го поставите на сите можни стаклени површини, на секакви објекти и места.

Димензии:
Ширина 60 см
Должина по желба.
Цената е за 1 метар должина со 60 см ширина.

Погоре во количина изберете колку метри сакате да нарачате.
Производот ќе го добиете во форма ролна со 60см ширина и должина според вашите спецификации.

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This