Организер – Кутија

150 ден

Високо квалитетна проѕирна кутија организатор кутија која може да се реди и една врз друга.

На залиха

Опис

Иновативен прилагодлив организатор кутија во форма на фиока. Идеален за организација на реквизитите и производите со кој конечно се ќе ви биде подредено и со лесен пристап. Покрај тоа, со овој прекрасен производ може и конечно ќе ги подредите вашите ситни аксесоари и реквизити, козметика, накит, табелти, итн… А воедно секогаш ќе ви се при рака. Ќе го максимизирате просторот, ќе заштедите на време барајќи ги во домот. А може да ви се најде и во кујната, и во бањата, детската соба, спалната итн..

Подредете го Вашиот Простор со Кутијата Организер!

Оваа Кутија-Организер е совршено решение за подредување во вашиот дом или канцеларија, дали станува збор за полиците, рафтовите, ормарите, работната маса, шминки, кујна или фрижидер. Со модерен проѕирен дизајн, овој организер е функционален и елегантен додаток за секој простор.

Проѕирен и Практичен: Кутијата е изработена од високо квалитетна проѕирна пластика, што овозможува лесно прегледување и пристап до содржината. Ова е идеално ако сакате брз преглед на вашите предмети и додатоци, без потреба од бркање во кутијата. Додатна функционалност е што може да редите повеќе организери во висина со што дополнително ќе заштедите на просторот.

Функционалност: Со димензии од приближно 25 x 15 x 7.5 центиметри, кутијата организер е доволно просторна за сместување на различни предмети, како што се канцелариски материјали, шминка, кујнски прибор или пак намирници. Таа е универзална и може да се користи во секој дел од вашиот дом или канцеларија.

Идеална за Подредување на Секој Простор: Овој организер не само што е одличен за работните површини и површини за складирање, туку идеално се вклопува во различни простории во вашиот дом. Користете го во кујната за да подредите мали кујнски алати, во канцеларијата за подредување на канцелариски материјали или во спалната за чување на лични предмети.

Идеално за Фрижидер: Организерот е идеален за користење во фрижидерот. Лесно може да ги групирате и сортирате вашите намирници, со што ќе го олесните процесот на пребарување и истовремено ќе ви бидат подредени, организирани, а ќе заштедите и на просторот.

Издржливо и Лесно за Чистење: Организерот е изработен од висококвалитетен материјал, што гарантира долготрајна употреба. Додатно, лесно се чисти и мие, што го прави идеален за секодневна употреба.

Совршен Додаток за Секој Дом: Со Кутијата Организер, ќе го подобрите просторот и ќе го направите подреден и функционален. Нарачајте веднаш и уживајте во подреденоста на вашите површини и простории!

Прекрасно изгледа, компактен а благодарение на иновативниот дизајн ќе бидете пријатно изненадени колку многу работи може да собере..

Нема потреба за комплицирани монтажи, се што треба да направите е да најдете соодветно место тепоставите онаму каде што ви одговара најмногу.

Може да си набавите повеќе парчиња, за совршена организација, а за разлика од други слични организери оваа кутија може да се реди една врз друга.

 

Димензии:

Цената е за еден примерок.

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This