Сталажа за Садови – Премиум

1250 ден1500 ден

Ултра практична високо квалитетна – премиум иноксна сталажа за миење и организирање садови. Со закачалки, држач за ножеви, сад за прибор и подлога за цедење и собирање на водата, достапна во 2 големини.

Опис

Иновативна премиум иноксна сталажа за садови која ќе ја користите повторно и повторно. Ова е еден од оние производи, кој штом еднаш го пробате, после ќе се прашувате како сте можеле порано без истиот.

Иновативен и ултра практичен производ со кој конечно ќе може да ги измиете или исперете садовите, или соберете реквизитите, и секогаш ќе ви се на дофат.

Освежете го вашиот кујнски простор со оваа иновативна Сталажа за Садови, едноставно и функционално решение за подредување на кујнски садови и кујнски алатки. Оваа пренослива сталажа е идеална за оние кои бараат ефикасно решение за складирање и прегледен кујнски простор.

Сталажата е дизајнирана со практична функционалност во вид на иноксни прегради, во дизајнот има имплементирано и сад за кујнски прибор,  држач за ножеви, на кој може убаво да ги подредите и исцедите вашите измиени ножеви и секачи.

Додатно во сетот се вклучени и 4 закачалки кои може да ги закачите на сталажата на кој може да си закачите различен кујнски инвентар.

Сталажата поседува и подлога за собирање на вода, што ја прави пригодна за користење и во случај садовите се сеуште влажни кога ќе ги поставите и се цеди водата.

 

Исклучително лесно за ракување, со овој иновативен производ ќе ја зголемите ефикасноста во вашата кујна, посебно миењето и организирањето на садовите, приборот и инвентарот.

Сталажата за садови е изработена од висококвалитетна комбинација на нерѓосувачки челик – инокс и АБС материјали, обезбедувајќи стабилност и трајност, а може да носи товар од неверојатни 25кг.

Достапна во две големини: стандардна и продолжена, оваа сталажа за садови е не само функционална туку и дополнително додава стил и елеганција во вашиот кујнски простор.

Во сталажата со стандардна големина без проблем ќе соберете 14 чинии со дијаметар од 13-27см и дебелина од 1-3.6см, како и 12 здели со дијаметар од 7-12.8см и дебелина од 3.5-6см. Додека во сталажата со продолжена големина без проблем ќе соберете 18 чинии со дијаметар од 13-27см и дебелина од 1-3.6см, како и 18 здели со дијаметар од 7-12.8см и дебелина од 3.5-6см. А, и во двете сталажи ќе го соберете и вашиот кујнски прибор, ножеви и кујнски алатки и инвентар.

Не чекајте и нарачајте веднаш и уживајте во подреден и стилски кујнски простор. Цената е за 1 сталажа.

Димензии:

Производот доаѓа расклопен во фабричко картонско пакување.

Исклучително лесно за монтажа.

Додатни информации

Модел

А, Б

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This