20

Воздушен Компресор (Heavy Duty)

Original price was: 1150 ден.Current price is: 920 ден.

Квалитетен воздушен компресор за вашиот автомобил за помпање пневматици.

Нема на залиха

Опис

Квалитетен ултра практичен Воздушен Компресор High Power – Heavy Duty DC12V со адаптер, додатоци за пумпање и мерач на притисок.

Ова е задолжителен производ за секој автомобил. Не дај боже да ви се дупне гума, само го приклучувате на местото на запаклката (DC12V) ја пумпате гумата и возите до најблискиот вулканизер. Ќе ви се исплати само со една употреба, ќе заштедите многу време, нерви и пари.

Компресорот доаѓа со кабел со должина 285 см од што е доволно, без проблем да ги напомпате гумите без проблем. А може да го користите и лете и зима.

Благодарение на моќниот High Power Heavy Duty мотор, компресорот помпа 35l воздух во минута.

Компресорот има барометар и копче за вклучување и исклучување.

Изработката од челик во комбинација со квалитетна пластика, гарантира стабилност и трајност, што значи дека без проблем ќе го корисите во годините што доаѓаат.

Покрај пневматиците на автомобилот може да помпате и топки, гуми на мотроцикли и велосипеди и душеци благодарение на додатоците.

Без разлика колку и да ви е нов автомобилот или гумите, може да ви се случи да ви се дупне гума. Воздушниот компресор помпач на пневматици, според нас е задолжителен исто како резервна гума во автомобилот, ако не и повеќе. Доколку немате топло ви препорачуваме да си набавите веднаш, замислете само колку време и нервози ќе заштедите, доколку се најдете во недај боже непријатна ситуациија.

Карактеристики и Спецификации:

  • 100% ново со Висок Квалитет
  • Идеален за надувување гуми, топки, предмети на надувување…
  • Полни 35л/мин
  • Долг кабел
  • Моќен Heavy Duty – High Power мотор
  • Копче за вклучување и исклучување
  • Максимален притисок 965KPA
  • Ја инфлатира просечна автомобилска гума околу 4-6 минути (> 30 PSI)
  • Се напојува од запалката / DC 12V
  • Компактен и пренослив, лесен за употреба
  • Доаѓа со манометар
  • Напон: DC12V.
  • Моќност 10Amp
  • Материјал: челик, пластика и гума
  • Боја: како што е прикажано на сликата
  • ГАРАНЦИЈА 12 Месеци

Производот доаѓа во прекрасно трговско пакување што го прави идеално и за подарок.

【ИНСТРУКЦИИ】

Извадете ја автомобилската запалка и на нејзино место приклучете го компресорот.
Осигурете се дека компресорот е исклучен од копчето.
Стартувајте ја колата, (за да не го трошите акумулаторот при помпање)
Вклучете го компресорот за тест и исклучете го.
Поставете го кабелот на вентилот на гумата, вклучете го компресорот и напомпајте ја гумата.
Осигурете се дека кабелот е добро поставен и не испушта воздух.
Додека ја полните гумата манометарот ќе ви го покаже моменталниот притисок.
Кога ќе го добиете посакуваниот притисок исклучете го компресорот прво од копчето а потоа и од запалката.
Кога полните душеци, топки или велосипедски гуми, користете ги исклучиво професионалните додатоци кои се вклучени во сетот.

【НАПОМЕНА ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ】

1. Секогаш користете го кога колата работи, за да не го испразните акумулаторот.
2. Компресорот може да се приклучи само во автомобил (DC12V10A) не е за дома и не може да се приклучи на стандарден електричен приклучок.
3. Кога помпате повеќе гуми, користете го во интервали од по 10 минути со паузи, за да не го прегреете и да му го продолжите работниот век.
4. Доколку полните голем чамец, максимално може да работи 30 минути. Направете пауза па продолжете.
5. Доколку  кога ќе почнете со полнење стрелката на манометарот нагло се искачи, тоа значи дека има некоја пречка во протокот на воздух, наместете го кабелот повторно и пробајте пак. Во спротивно може да го оштетите уредот.

 

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This