Опис
Високо квалитетен мултинаменски уред кој е комбинација на 4 уреди во еден:
правосмукалка, циклонски воздушен компресор со ЛЕД светилка, мерач на притисок во гумите. Heavy Duty – High Power DC12V со адаптер, додатоци за пумпање и мерач на притисок.
Ова е задолжителен производ за секој автомобил. Не дај боже да ви се дупне гума, само го приклучувате на местото на запаклката (DC12V) ја пумпате гумата и возите до најблискиот вулканизер. Ќе ви се исплати само со една употреба, ќе заштедите многу време, нерви и пари.
А доколку ви се извалка ентериерот не мора веднаш да трошите пари во авто перална, со правосмукалката ќе го соберете сиот смет, а благодарение на додатоците ќе ги исчистите и најнезгодните места.
После чистењето самиот уред е исклучително лесен за чистење, само го отварате и го фрлате сметот од комората, а уредот доаѓа и со високо квалитетен Хепа Филтер, кој се мие во вода.
Уредот има вградено и јака ЛЕД светилка од 120W, која и те како ќе ви се најде доколку го користите ноќе во темница.
Овој комбиниран уред доаѓа со кабел со должина 450 см од што е доволно да превсмукате насекаде во автомобилот, и без проблем да ги напомпате гумите.
А може да го користите и лете и зима, дење и ноќе.
Благодарение на моќниот High Power Heavy Duty мотор, уредот помпа 35l воздух во минута.
Уредот има барометар за мерење на притисокот во пневматиците, како и копче за вклучување и исклучување.
Изработката од високо квалитетни материјали гарантира стабилност и трајност, што значи дека без проблем ќе го корисите во годините што доаѓаат.
Покрај квалитетните компоненти, уредот има и дополнителна заштита, во случај да го приклучите на несразмерно напојување.
Благодарение на додатоците за пумпање, кои се вклучени во сетот.
Покрај пневматиците на автомобилот може да помпате и топки, гуми на мотроцикли и велосипеди и душеци.
Инаку ова е една од најмоќните правосмукалки за автомобил и со напојување од запалка, што воопшто може да се најдат на пазарот.
Без разлика колку и да ви е нов автомобилот или гумите, може да ви се случи да ви се дупне гума. Воздушниот компресор помпач на пневматици, според нас е задолжителен исто како резервна гума во автомобилот, ако не и повеќе. Доколку немате топло ви препорачуваме да си набавите веднаш, замислете само колку време и нервози ќе заштедите, доколку се најдете во недај боже непријатна ситуациија.
Карактеристики и Спецификации:
- 100% ново со Висок Квалитет
- 4 уреди во 1
- Моќна правосмукалка 3000(mbar)
- Додатоци за чистење
- Хепа филтер
- Идеален за надувување гуми, топки, предмети на надувување…
- Полни 35л/мин
- Вградена ЛЕД светилка
- Долг кабел + долго црево за помпање.
- Моќен Heavy Duty – High Power мотор
- Копче за вклучување и исклучување
- Брзина 2600 rpm
- Ја инфлатира просечна автомобилска гума околу 4-6 минути (> 30 PSI)
- Доаѓа со манометар
- Моќност: 120W
- Се напојува од запалката / DC 12V
- Компактен и пренослив, лесен за употреба
- Материјал: челик, пластика и гума
- Боја: како што е прикажано на сликата
- ГАРАНЦИЈА 12 Месеци
Димензии:
Производот доаѓа во прекрасно трговско пакување што го прави идеално и за подарок.
Не чекајте и нарачајте веднаш количините нема вечно да траат, набавете си го вашиот примерот ставете го во гепекот и нека ви е мирна главата.
【ИНСТРУКЦИИ】
Извадете ја автомобилската запалка и на нејзино место приклучете го уредот.
Осигурете се дека уредот е исклучен од копчето.
Стартувајте ја колата, (за да не го трошите акумулаторот при помпање и чистење)
Вклучете го компресорот за тест и исклучете го.
Доколку чистите користете ја правосмукалката со додатоците.
Поставете го кабелот на вентилот на гумата, вклучете го компресорот и напомпајте ја гумата.
Осигурете се дека кабелот е добро поставен и не испушта воздух.
Додека ја полните гумата манометарот ќе ви го покаже моменталниот притисок.
Кога ќе го добиете посакуваниот притисок исклучете го компресорот прво од копчето а потоа и од запалката.
Кога полните душеци, топки или велосипедски гуми, користете ги исклучиво професионалните додатоци кои се вклучени во сетот.
【НАПОМЕНА ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ】
1. Секогаш користете го кога колата работи, за да не го испразните акумулаторот.
2. Уредот може да се приклучи само во автомобил (DC12V10A) не е за дома и не може да се приклучи на стандарден електричен приклучок.
3. Кога помпате повеќе гуми, користете го во интервали од по 10 минути со паузи, за да не го прегреете и да му го продолжите работниот век.
4. Доколку полните голем чамец, максимално може да работи 30 минути. Направете пауза па продолжете.
5. Доколку кога ќе почнете со полнење стрелката на манометарот нагло се искачи, тоа значи дека има некоја пречка во протокот на воздух, наместете го кабелот повторно и пробајте пак. Во спротивно може да го оштетите уредот.
Коментари
Сеуште нема коментари.