Опис
Прекрасен, функционален и преносен детски шатор – Magic Castle со прекрасен живописен дезен и плава боја.
Идеален за имагинативна и креативна игра. Децата го обожуваат, ќе го користат редовно и ќе поминат часови и часови во него со секакви игри.
Цврста конструкција и држачи за брзо и лесно склопување.
Лесен и преносен, доаѓа со ташна на патент.
Тешко се валка, а многу лесно се чисти, со обична крпа или благ раствор на сапуница.
Идеален за дома, дворот, градината, паркот, забави, градинка, итн…
Шаторот е со кружна основа и во него без проблем може да си играат неколку деца. Вратата се спушта, а има и прозорци со што се овозможува циркулација на воздухот.
Исклучително лесно за склопување и расклопување без користење алатки. А воедно расклопен го собира во ташната со патент за лесно чување, кога не се користи.
Изработен е од специјална ткаенина (100% полиестер) и држачи.
Димензии:
Висина 165см
Дијаметар 120см
Забелешка: За деца над 3 годишна возраст секогаш под супервизија на родител/старател!
Шаторот доаѓа БЕЗ ТОПЧИЊА, доколку сакате и топчиња може да ги нарачате посебно на следниот линк: Детски Топчиња.
Коментари
Сеуште нема коментари.