15

Воздушен Компресор (10А)

Original price was: 800 ден.Current price is: 680 ден.

Практичен воздушен компресор, прекрасно стилизиран како кутија.

Нема на залиха

Опис

Ви го претставуваме овој ултра практичен Воздушен Компресор 10А 120PSI DC12V со адаптер, копче за вклучување и мерач на притисок.

Ова е задолжителен производ за секој автомобил. Не дај боже да ви се дупне гума, само го приклучувате на местото на запаклката (DC12V) ја пумпате гумата и возите до најблискиот вулканизер. Ќе ви се исплати само со една употреба, ќе заштедите многу време, нерви и пари.

Воздушниот компресор е прекрасно стилизиран во форма на правоаглолна кутија, со практичен дизајн во кој се вклопуваат сите додатоци, така да ќе ви заземе многу малку простор.

Дали сте љубители на патувањето со автомобил и спремни за сите авантури кои ве очекуваат? Со овој практичен уред ви гарантираме безгрижност и уживање, истовремено и безбедност и моментално решение на патот во случај на издишување на пневматиците.

Со помош на електричен кабел (со должина од 2,8 метри) го приклучувате компресорот на местото на запалката во автомобилот и ја пумпате гумата, а потоа возите до најблискиот вулканизер за трајна корекција на штетата.
Компресорот се активира со помош на копче за уклучување и исклучување.  Изработен е од квалитетна и лесна пластика.

Практичен е дури и за една употреба, се со цел да ве заштити од незгода при попуштање на притисокот во гумите.  Лесно се складира во багажникот на автомобилот и поради малите димензии не зафаќа голем простор.

 

Карактеристики и Спецификации:

  • 100% ново со Висок Квалитет
  • Идеален за надувување гуми, топки, предмети на надувување…
  • Се напојува од запалката / DC 12V
  • Копче за вклучување – откако ќе се притисне, автоматски ќе работи со низок шум
  • Компактен и пренослив, лесен за употреба
  • Доаѓа со декоративен манометар
  • 10А – PSI: 120  – Напон: DC12V.
  • Материјал: АБС пластика
  • Димензии: 12.5*13*5cm
  • Должина на кабелот: 280 cm
  • Боја: како што е прикажано на сликата

 


Извадете ја автомобилската запалка и на нејзино место приклучете го компресорот.
Осигурете се дека компресорот е исклучен од копчето.
Стартувајте ја колата, (за да не го трошите акумулаторот при помпање)
Вклучете го компресорот за тест и исклучете го.
Поставете го кабелот на вентилот на гумата, вклучете го компресорот и напомпајте ја гумата.
Осигурете се дека кабелот е добро поставен и не испушта воздух.
Додека ја полните гумата манометарот ќе ви го покаже моменталниот притисок.
Кога ќе го добиете посакуваниот притисок исклучете го компресорот прво од копчето а потоа и од запалката.
Кога полните душеци, топки или велосипедски гуми, користете ги исклучиво професионалните додатоци кои се вклучени во сетот.

【НАПОМЕНА ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ】
1. Секогаш користете го кога колата работи, за да не го испразните акумулаторот.
2. Компресорот може да се приклучи само во автомобил (DC12V10A) не е за дома и не може да се приклучи на стандарден електричен приклучок.
3. Кога помпате повеќе гуми, користете го во интервали од по 10 минути со паузи, за да не го прегреете и да му го продолжите работниот век.
4. Доколку полните голем чамец, максимално може да работи 30 минути. Направете пауза па продолжете.
5. Доколку кога ќе почнете со полнење стрелката на манометарот нагло се искачи, тоа значи дека има некоја пречка во протокот на воздух, наместете го кабелот повторно и пробајте пак. Во спротивно може да го оштетите уредот.

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This