Опис
Високо квалитетни проѕирни саксии за орхидеи, достапни во 3 големини.
Орхидеите ги имаат едни од најубавите цветови, но истовремено се многу тешки за одржување, не треба да се полеваат редовно со вода, сакат влажни и полусветли локации, но искусните одгледувачи тоа го знаат.
Најчесто најтежок проблем е да се обезбеди соодветна саксија која ќе пушта светлина и влага до коренот.
Еве конечно решение со нашите проѕирни саксии пола работа ќе ви биде завршена.
Изработени од високо квалитетна (нова-нерециклирана) пластика, со прекрасен дизајн и функционалност.
Покрај за одгледување орхиедеи, со овие саксии може и секоја обична саксија да ја претворите во магина тн само наводнувачка саксија. Ја полните старата саксија со вода, во проѕирните саксии ставате растение по желба и додавате подебел конец (фитил) на дното и вашата стара обична саксија ќе се претвори во магична саксија.
Димензии:
Саксиите се достапни во 3 модели со различни големини, погоре во опциите на кошничка може да си изберете величина.
Модел М7 80 ден
Модел М9 100 ден
Модел М11 120 ден
Цената е за 1 саксија.
Коментари
Сеуште нема коментари.