50
50
50

Силиконска Голф Четка за Тоалет

195 ден495 ден

Иновативна комбинирана силиконска WC четка во форма на голф со ергономска рачка достапна во 2 верзии и повеќе бои.

Опис

Високо квалитетна, иновативна комбинирана WC четка со ергономска рачка со голф глава достапна во две различни варијанти и повеќе бои..

Оваа иновативна четка има силиконска глава стилизирана како голф со која без проблем ќе пристапите до сите делови од тоалетот.

Силиконската Четка за Тоалет во форма на Голф стап е иновативен производ кој ќе ја подобри вашата рутина на чистење на тоалетот. Оваа необична четка е креирана со цел да ви овозможи ефикасно и хигиенично чистење.

Четката е изработена од висококвалитетен силикон а рачката од висококвалитетна АБС пластика, што ја прави издржлива, гипка и отпорна на бактерии. Ова значи дека можете да бидете сигурни дека ќе добиете долготрајен производ кој ќе ви служи долги периоди без грижа за можни оштетувања или губење на ефикасност.

Со својата форма на голф стап, оваа силиконска четка е одличен додаток за вашата бања. Изгледот на голф овозможува да продрете и до најнедостапните места во вашата тоалетна шоља, а истовремено додава шик и модерен изглед. Во секојдневната употреба, четката ќе ви помогне да ги отстраните натрпаните нечистотии и мрљите помеѓу ребрата на тоалетната школка, потполно чистејќи го просторот. А може да ја користите и надворешно да ја избришете и исчистите тоалетната санитарија.

Силиконската четка е дизајнирана со комфорна и ергономска дршка, што ви овозможува да ја користите со леснотија и задоволство. Рачката е пријатна за допир и не се лизга. Ова ви дава удобност и сигурност во работата со четката, што значи дека може да се фокусирате на ефикасното чистење на тоалетот без да се грижите за непријатности.

Едноставна е за одржување за разлика од традиционалните четки на нејзе не се лепат и задржуваат остатоци со тоа ви гарантира долготрајност.

Со прекрасниот модерен и футуристички дизајн ќе се прилагоди во секој тоалет.

Комбинацијата на силикон со квалитетна пластика ја прави отпорна на сите хемикалии и високи температури. Едноставно кажано откога ќе ја набавите оваа четка ќе ја користите повторно и повторно во годините што доаѓаат. А достапна е во 2 варијанти стандард со закачалка и про верзија со кутија-постоље за чување.

Стандардниот модел може да го закачите на плочките на самолепливата закачалка која доаѓа гратис со четката.

А про моделот покрај на подот постољето може да го закачите и на ѕидот, благодарение на иновативниот дизајн истото може да се закачи на самолепливиот силиконски држач.

 

Димензии на моделот со закачалка:

Димензии на моделот со кутија за чување:

Производот е достапен во две варијанти, стандардна со закачалка (195 ден) и модел со кутија (495 ден) за чување која може и да ја залепите на вашите плочки. Погоре кај кошничката може да си изберете каква сакате.

И двете варијанти се достапни во повеќе бои, доколку имате преференца за боја пишете во забелешка каква да ви пратиме. Во спротивно ќе ви биде пратена по случаен избор.

Цената е за 1 примерок.

Додатни информации

Модел

Стандард, Со Кутија

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This