Игрална

3500 ден

Високо квалитетна, безбедна заштитна игрална за едно или повеќе деца истовремено. Достапна во 5 бои.

Опис

Високо квалитетна заштитна детска игрална, погодна за да го оградите просторот за играње или да ја наполните со топчиња (кои не се вклучени во сетот).

Игралната има вратичка која се затвара со патент, кош, гол, како и прикладни алки за држење

Изработена од високо квалитетни хипоалергенски материјали, без остри рабови идеално за дечиња.

Малите тодлери ќе уживаат во безбедниот простор, а одлично е и за родителите кои со помош на ова помагало конечно ќе може да пијат кафе на раат.

Игралната е преносна и лесно се склопува и расклопува, склопена зафаќа малку простор, и истата освен во домашни услови може да ја користите каде сакате, дури и надвор.

КАРАКТЕРИСТИКИ:
❤Високо Квалитетни Материјали.
Конструкцијата е од квалитетни шипки изработени од нерѓосувачки челик – инокс. Мрежата и ткаенината се изработени од многу јак нилонски материјал, кој тешко се валка а лесно се чисти (само со влажна крпа)

❤Стабилен и Голем Простор за Играње.
Со должина од околу 2 метри, ширина 1.3 метри и висина од 66см, рамен под без сопки и без додадоци за искачување, оваа игротека е навистина безбедно и големо катче во кое може да играат едно или повеќе деца.

❤Лесна Монтажа и Демонтажа.
Со приложениот графикон за составување на игралната истата по потреба со леснотија може да ја монтирате и демонтирате во зависност од приликите и потребите, може да ја користите и надвор.

❤Помага за Развој на Интелигенцијата и Моториката.
Оваа игрална е опремена со прикладни алки за држење, кош, гол, а идеална е и за првите чекори. Со што вашето дете ќе ги развие основните моторички и конгитивни функции како и интелектуалниот развој воопшто.

❤Идеално Катче за Најмалите.
Вашите најмали ќе поминат часвои во игротеката без да им биде досадно, а вие ќе може слободно да си пиете кафе на раат и да го мониторирате детето од дистанца.

Игралната е достапна во 5 прекрасни бои. Погоре во опциите на кошничката може да ја изберете вашата боја ( во зависност од достапноста.

 

Димензии:

Забелешка: Да се користи секогаш под присуство или супервизија на родител/старател, никогаш да не се остава детето само во игралната.

Додатни информации

Боја

Црвена, Тегет, Сива, Плава, Розева

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This