Сонцебран

125 ден

Заштитна фолија од сонце за вашиот автомобил.

На залиха

Опис

Сите знаеме колку е непријатно чувството кога ќе влеземе во автомобил кој бил паркиран на сонце.

Покрај големата топлина од ефектот на стаклена градина, сонцето ја еродира и внатрешноста на автомобилот, вклучувајќи ги и предметите. Ги бледее боите, ја амортизира пластиката и ја прави кршлива.

Оваа високо квалитетна заштитна фолија е вистинското решение за заштита од горенаведените ефекти.

Од надворешните страни е обложена со рефлективен алуминиумски слој, а во внатрешноста има два слоја со воздушни меурчиња и во средината има слој од изолациона пена.

Со што комплетно се намалува ефектот од стаклената градина, го продолжувате векот на внатрешноста на вашиот автомобил, и слободно на раат веднаш ќе може да си влезете во возилото.

Може да ја поставите и од внатрешната и од надворешната стрна. со едноставно прикачување на двете вшмукалки кои се вклучени во сетот.

Според класификацијата сонцебранот е со Л димензии 130 x 60 см и може да се намести во над 95% од автомобилите без разлика на марката и типот.

Кога не го користите се склопува и прицврстува со вградените ластици, за лесно чување и складирање.

Коментари

Сеуште нема коментари.

Само логирани корисници кои го имаат нарачено производот може да остават коментари.

Pin It on Pinterest

Share This